1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПОРТОРАМА

27 октомври 2003
https://p.dw.com/p/Aeoe

Во десетото коло на германската сојузна фудбалка лига во фокусот повеќе беа двајца тренери: Хуб Стевенс од Херта Берлин и Клаус Топфмелер од Хамбургер. Дури и задржувањето на првото место на Баер од Леверкузен и второто место на Штутгарт, како и извонредната игра на Себастијан Дајслер од Баерн Минхен во овој тренерски театар играа споредна улога. Да се победи и да се продолжи рокот тоа беше задачата на Стевенс за да остане на тренерското место. И ја исполни: беше совладана Ханза од Росток со еден спрема нула. Стевенс по натпреварот со солзи во очите: "Мислам дека ја исполнивме обврската. Момците се бореа и извојуваа заслужена победа. Не станува збор за мене туку за Херта". За разлика од берлинците, Хамбургер не ја оствари целта, иако првата победа со Клаус Томпфмелер против Шалке 04 беше на дофат. Но, го проиграа водсвото од 2 спрема 0 и на крајот нерешено. Новиот тренер сепак изрази задоволството од екипата: "Мислам дека по турбулентните недели мораме да бидеме задоволни со играта на екипата. Шеесет минути бевме подобри. Мораме повеќе да работиме за да ги поправиме грешките". Во десеттото коло значи, беа постигнати следниве резултати: Ханза Росток - Херта 0 спрема 1, Хамбургер - Шалке 2 спрема 2, Хановер - Минхен 1860 1 спрема 1, Франкфурт - Келн 1 спрема 0, Фрајбург - Вердер 2 спрема 4, Штутгарт - Волсфбург 1 спема 0, Баерн - Кајзерслаутерн 4 спрема 1, Баер - Менхенгладбах 1 спрема 0 и Бохум Борусија 3 спрема 0. На табелата води Баер од Леверкузен со 25, пред Штутгарт со 24, Вредер со 22 и Баерн со 21 бод. Од саботата започна новата скијачка сезона и тоа со голем успех за германските скијачи. Во првиот женски велеслалом во австрискиот Зелден Германката Мартина Ертл беше побрза од нејзините конкурентки и победи по 3 години пост во оваа дисциплина: "Колку постара, толку понервозна, иако постои извесна рутина. Се подготвив ништо да не правам насила и се чини баш добро излезе". Во машкиот велеслалом австриската кохорта претрпе пораз од Американецот Боде Милер.