1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортска панорама за 15.05.06

15 мај 2006

Од саботата попладне и официјално: Баерн од Минхен ја освои 20-татат титула германски првак во фудбал, лигата ја напуштаат: Келн, Дусибург и Кајзерслаутерн. Покрај Баерн, директен пласман во лигата на шампионите обезбеди и Вердер од Бремен. Голема скандал во италијанскиот фудбал. Во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонзо ја зголеми предноста пред Михаел Шумахер.

https://p.dw.com/p/Aeif
А, сега, Светскотo првенство: новиот член н Челзи, Балак
А, сега, Светскотo првенство: новиот член н Челзи, БалакФотографија: picture-alliance / dpa

Најнапред резултатите од последното 34 коло на германската сојузна лига:

Волсфбург – Кајзерслаутерн 2 спрема 2, Хамбургер – Бремен 1 спрема 2, Баерн – Борусија Дортмунд 3 спрема 3, Хановер Леверкузен 2 спрема 2, Франкфурт - Менхенгладбах 0 спрема 2, Нирнберг – Берлин 2 српема 1, Шалке – Штутгарт 3 спрема 2, Дуисбург – Мајнц 0 спрема 0 и Келн Билефелд 4 спрема 2. Од значење беа два натпревара: Хамбургер – Вердер и Волфсбург – Кајзерслаутерн. Првиот решеваше за директното учество во лигата на шампионите, вториот за опстанокот. Вердер успеа на гости да победи со 2 спрема 1 и го обезбеди втроро место, односно сигурен настап во лигата на шампионите, Хамбургер ќе мора да игра квалификации. Победносниот гол го постигна Мирослав Клозе кој воедно со 25 гола е најдобриот стрелец во оваа сезона:

„Мислам дека за нас е најважно што верувавме во тоа дека можеме да победиме во Хамбург. Сега е сеедно каков вкус ќе имаат пивото или шампанското. Мислам, од се по малку„.

Натпреварот во Волфсбург решаваше за опстанокот. „Зелените„ успеаја да извлечат нерешен резултат, Кајзерслуатерн е третата екипа што заминува во втората лига, покрај Келн и Дуисбург. Тренерот на спасените, Аугенталер:

„Со Нирнберг ја доживеав драматиката слична на оваа, но не беше баш вака. Мислам дека решавачко беше да се задржи мирот, зашто на полувремето противникот водеше со 1 спрема 0„.

Сега за славеникот: постигна рекорд што тешко се достига: 20-та титула во историјата - одбранета титула и одбранет купот. Тоа малку кому може да му успее. Причина повеќе да се биде дел од екипата на Баерн. Голманот Оливер Кан:

„Ова беше многу успешна година со одбраната на дублот, нешто што не и успеало на ниту една друга екипа. Капата долу пред тимот„.

Баерн во наредната година ќе остане без својот најдобар фудбалер Михаел Балак кој кариерата ќе ја продолжи во Челзи:

„Се радувам што можев да освојам толку многу титули и што можев да играм во ваква екипа. Сега пред мене е нов предизвик„.

20 илјади навивачи во центарот на Минхен до долго во ноќта ги славеа своите љубимци. За дел од нив напорите продолжуваат: претстои Светското фудбалско првенство. А, токму пред неговиот почеток, Италија ја тресе голем скандал чии последици допрва треба да се очекуват. Во фокусот е најпознатата екипа во земјата Јувентус од Торино. Нејизниот менаџер Лучано Моџи лани манипулирал 29 од вкупнно 34 натпревари. Вклучено е јавното обвинителство и полицијата. Истрагата е во тек.

Пред информациите за спорстките настани во Македонија и за натпреварите во Формула 1. Ва трката за Големата награда на Шпанија победи домашниот возач Фернандо Алонзо од Рено. Втор беше Миахел Шумахер од Ферари, трет колегата на Алонзо Џанкарло Фисикела. Алонзо сега има 15 бодови повеќе од Шумахер, а како што вози и во каква кондиција е болидот на Рено, ги има сите изгледи да ја одбрани титулата светски првак.