1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортска панорама 21.02.05

21 февруари 2005

Во германската елитна фудбалска лига продолжува мртвата трка за титулата меѓу Барен и Шалке 04, но не помалку интересна е и битката за опстанок. Во Оберхаузен е во тек светското првенство во нордиски дисциплини.

https://p.dw.com/p/AelQ
Рој Макаи го постигна првиот хет-трик во дресот на Баерн
Рој Макаи го постигна првиот хет-трик во дресот на БаернФотографија: AP

Очигледно е дека битката за титулата ќе потрае можеби до последното коло ако главните претенденти Баерн од Минхен и Шалке 04 продолжат да нижат убедливи победи како во изминатото коло. Финансиски потресената Борусија од Дортмунд доживеа и спортски дебакл. Во саботата без скоро никаов отпор, прими "петка" во Минхен, на голема радост на пуликата. Рој Макаи го постигна првиот хек-трик во дресот на Баварците:

“Мислам дека по последната недела која за сите нас беше изненадувачка кога загубивме во Билефелд, денеска бевме добри“.

Капитенот на Борусија Кристијан Вернс разочарано изјави:

“Во основа против Минхен може да се загуби и тоа не е срамота. Меѓутоа, начинот на кој се презентиравме во првиот половина час е бламажа“.

Шалке 04 на вчерашното гостување во Менхенгладбах прв прими гол, но со трите на Бразилецот Аилтон замина дома и со три бода, па сега само гол-разликата го одржува Баерн на првото место. Зад нив своја шанса очекува актуелниот шампион Вердер кој му ја наполни мрежата на Хановер: го совлада на негов терен со 4 спрема 1. Интересна станува и битката за опстанок, во случајов за една екипа: Бохум чиј тренер Петер Нојрурер во изминатите денови правеше математики од типот "што ќе беше да беше", па стигна до збир од 12, како што ги нарекува "украдени бодови". По победата над директниот ривал за опастонк Фрајбург, Нојрурер заборави на тоа што го рекол им оптимистички изјави:

“Повторно сме живи. Од некои веќе бевме прогласени за мртви. Сега е поинаку“.

И тренерот на Фрајбург, Фолкер Финке не се предава, иако шансите за опстанок се минимални:

“Дали да кажам дека нема никакви шанси? Тоа не е баш точно. Се надевам дека ќе собереме некои бодови“.

Од сенка врвот го демне и Баер од Леверкузен кој со 4 спрема 2 го совлада Нирнберг на негов терен. По подолг пост, со победа од својата публика се раздели и Штутгарт: против Херта од Берлин, икао беше послаб, победи со 1 спрема 0. Долго време водечкиот Волсфбург, по неколкуте порази, прокнижи убедлива победа дома против безнадежно последниот Росток со 4 спрема 0. Мајнц и Билефелд се разделија без голови, а Хамбург го совлада Кајзералутерн со 2 спрема 1.

За љубителите на фудбалот во Германија е мошне битно што триото екипи што настапуваат во европската "кралска лига", имено Баерн, Баер и Вердер, прикажаа убедливи и ефикасни игри што охрабрува пред мечевите во вторник и среда. Баерн против Арсенал, Вердер против Олимпик и Баер против Ливерпул.

Во Оберхаузен пак, во меѓувеме се одржува светското првенство во нордиски дисциплини и како показател дека полека наближува крајот на сезоната на зимските спортови. Вчера на малата скокалница во екипна конкуренцијата германскиот состав го освои сребрениот медал, пред Словенија,а зад Австрија. Светско првенство се одржува и во санкање во американскиот град Парк Сити каде што Германците освоија златен медал во екипна конкуренција, пред САД и Италија. Во поединечна конкуренција санкачот Георг Хакл се прости од светските првенства со совојувањето сребрен медал:

“Многу се изненадив зашто на тренинзите не одеше се како што треба. Решив да одам на сигурно и тоа се исплаќаше“.

Кога сме кај зимските спортови и информацијата дека Минхен се откажа од кандидатурата да ги организира зимските олимписки игри во 2014 година, зашто смета дека има реални шанси за 2018. Претседателот на германскиот олимписки комитет Клаус Штајнбах:

“Во Минхен имаме одличен кандидат за идните зимски олимписки игри и ќе го продолжиме планирањето за да не ризикуваме со брзање да го загрозиме квалитетот. Многу се битни суштински подготовки и така ќе продолжиме“.