1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортска панорама

16 јануари 2006

Уште 25 дена до почетокот на зимските олимписки игри во Торино: трка по освојување место за настап. Германските спортисти во завидна форма. Започна првиот од четирите тениски грен-слемови – Австралијан опен.

https://p.dw.com/p/Aejd
Германските бијатлонци во голема форма пред олимпијадата во Торино
Германските бијатлонци во голема форма пред олимпијадата во ТориноФотографија: AP

Наближува терминот за почеток на зимските олимписки игри во Торино. Подготовките на спортистите во најжешка фаза. Бијатлон, слалом, брзо лизгање...Во Рупхолдинг вчера Германецот Михаел Реш ја обезбеди првата победа во бијатлон во својата кариера. Во возбудлив фото-финиш Реш беше прв пред лидерот во светскиот куп Рафаел Поаре од Франција. На трето место се пласираше Русинот Сергеј Чепиков кој заостана само 0,6 секунди. Реш, среќен поради својата прва победа и самиот изненаден:

„Сакав да одам напред, но дека ќе победам, тоа не можев ниту да го сонувам„.

Неговиот колега Михаел Грајс за Реш изјави:

„Дрзок е и неоптоварен. Тоа посебно се гледа кога стела„.

5 истрели за само 9 секунди и сите во црно. Важен дел за успехот на Реш:

„Брзото и прецизно стрелање не е случајно. Мора многу да се тренира. Истовремено, облакот над мојата глава станува поголем. Сонот полека станува реалност и тоа е убаво чувство„.

Во светскиот куп во слалом во Венген, Алојс Фогл го освои третото место, а со тоа и билет за олимпијадата. Победа повторно, петти пат по ред извојува Италијанецот, Џорџо Рока, втор беше Финецот Кале Паландер. Венген за Фогл како да стана домашен терен, по ланската победа:

„Кога ја видов патеката повторно ми се појавија сликите од минатата година. Двапати се спуштив и ете, стигнав до подиумот„.

Ски-летовите се уште не се на олимписката програма, но затоа во Кулм се одржа светското првенство на кое Норвежанецот Љокелсој ја одбрани титулата, а со негова помош Норвешка победи и екипно. Втора беше екипата на Финска, трети, малку неочекувано, Германците во состав Михаел Нојмаер, Георг Шпет, Александар Хер и Михаел Урман. По ова се зголемија нивните шанси за учество на олимпијадата на класичните скокалници. Александар Хер оцени:

„Сигурно е добро, дури смирувачки кога се знае дека се станува дел на екипата и дека таа може врз мене да се потпре. Сега стануваат реални изгледите и за олимписки медал„.

Според Георг Шпет:

„Најважно е дека ќе патуваме со добра форма и самодоверба. Денеска беше направен првиот чекор„.

Михаел Урман уште поголем оптимист:

„Сега можеме да се надеваме дека вака ќе биде и на олимписките игри„.

26 дена пред почетокот на олимпијадата Клаудија Пехштајн во генералната проба, победи на вишебојот на Европското првенство, односно нејзината втора по 1998 година. Што е интересно, таа не успеа да обезбеди ниту една поединечна победа, но вкупно беше најдобра. По примањето на медалот изјави:

„Веќе не сум толку млада и затоа уште повеќе сум горда за моето постигнување на викендот„.

Во Мелбурн започна првиот тениски грен-слем. Во германско-германскиот дуел во првото коло, Ларс Бургсмилер го елеминира поискусниот Рајнер Шитлер со 3 спрема 1 во сетови. Шитлер во 2003 година беше финалист, а оттогаш не може да го мине првото коло. Меѓутоа, поголемот изненадување го приреди Германката Јулија Шруф, инаку на светската ранга листа на 80-сеттото место. Со 2 спрема 0 во сетови совлада една од тајните фаворитки, Русинката Јелена Дементјева:

„Сигурно дека е супер токму на грен-слем да се победи токму против неа. Едноставно излегов на терен позитивно расположена и ми успеа„.