1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортска панорама

18 октомври 2004

Трката ја поведе Штутгарт

https://p.dw.com/p/Aem0
Асамоа му ги помрси сметките на фаворитот: Баерн - Шалке 04, 0 спрема 1.
Асамоа му ги помрси сметките на фаворитот: Баерн - Шалке 04, 0 спрема 1.Фотографија: AP

Во Хамбург тренерот Клаус Топфмелер ја загуби работата. Во Дортмунд претседателот на клубот се повинува на притисокот и поднесе оставка. Штутгарт се најде на чело на табелата, Шалке го совлада Баерн на неговиот стадионот во Минхен. Сензационалниот новајлија Мајнц го победи ланскиот шампион Вердер. Тоа се карактеристиките на осмото коло на германската сојузна лига.

“Ве поканивме да ви соопштиме дека донесовме решение што стапува веднаш во сила: тренерот Клаус Топфмелер го напушта клубот“.

Ова соопштение на претседателот на Хамбург Бернд Хофман никого не изненади. По поразот дома од Билефелд од 2 спрема 0, беше јасно дека Топфмелер ја губи работата. Негов наследник ќе биде поранешниот репрезентативец Томас Дол. Изминатиов викенд во фокусот со персонални решенија беше и Борусија од Дортмунд. Претседателот Герд Нибаум вчера поднесе оставка. По големите критики врз него на 14 ноември конечно ќе го ослободи претседателското место. Со него, сепак, Борусија во изминатите 18 години ги славеше најголемите успеси: неколупати германски првак и победник во Лигата на шампионите. Но, долговите станаа огромни и неподносливи: сега изнесуваат 118 милиони евра. Негов наследник е претходникот Рајнхарт Раубал чии приоритети се:

“Ја претставувам екипата и членовите и ќе им помогнам со потребното влијание за да се вратиме на старите патеки на Борусија“.

Инаку, екипата загуби во Штутгарт со 2 спрема 0 по што тимот на Матијас Замер се најде на челото на табелата. Досегшаниот лидер Волфсбург загуби со 3 спрема 0 на гости од Хановер 96. Шалке 04 ја славеше првата победа на гости и тоа во Минхен против Баерн со 1 спрема 0. Ханза Росток се развува во феномен. Дома досега ги загуби сите натпревари, на гости ниту еден. Заслужено славеше во Бохум со 1 спрема 0. Херта од Берлин скоро лесно го совлада Баер од Леверкузен со 3 спрема 1, а Нирнберг го испрати дома Фрајбург со три гола во мрежата. Борусија од Дортмунд со победата дома против Кајзерслаутерн од 2 спрема 0 си обезбеди малку воздух. Во страшило се претвора Мајнц 05. Во саботата тоа го почувствува и ланскиот првак Вердер иако водеше со 1 спрема 0. На крајот 2 спрема 1 за домаќините кои сега се наоѓаат на третото место.