1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фантомскиот гол на проверка во ДФБ

ЕМФ/сид19 октомври 2013

Спортскиот суд на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) најверојатно веќе на почетокот на наредната недела ќе се занимава со фантомскиот гол на Штефан Кислинг, со кој Бајер Леверкузен постигна победа против Хофенхајм.

https://p.dw.com/p/1A2Vi
Фотографија: Getty Images

Спротскиот суд ќе се состане само доколку прволигашките клубови Бајер Леверкузен и 1899 Хофенхајм претходно не постигнат договор за случајот, што речиси е исклучено, јавува агенцијата СИД. Прво се очекува во ДФБ да стигне протестот на Хофенхајм околу резултатот од натпреварот против Бајер Леверкузен, кој вчеравечер (18.10) заврши со 1:2. Освен тоа, најдоцна до понеделник вечер (21.10) се очекува и извештајот на судијата на натпреварот Феликс Брих. Потоа ќе се бара став да заземе и Бајер Леверкузен.

Во текот на постапката во судот ќе се разјасни дали натпреварот ќе биде повторно одигран, или ќе се остане на одлуките на судијата во текот на натпреварот. ФИФА е поборник на принципот - да се остане на одлуките на судијата на теренот, освен во случај доколку се докаже дека судијата прекршил некое од правилата. Токму за тоа и ќе расправа Спортскиот суд - дали судијата Брих прекршил некое правило?

Играчот на Бајер Леверкузен Штефан Кислинг вчера го постигна вториот фантомски гол во историјата на Бундеслигата. Тој во 70. минута упати удар со глава покрај аголот на голот, но топката поради дупка во мрежата сепак заврши во голот. Судиите тоа го превидоа и го признаа голот.