1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортски актуелности од викендот

29 октомври 2007

Полска победник на Светскиот куп во ракомет. Федерер го освои турнирот во Базел. Светски рекорд на Кафлин на 100 метри грбно. Започна сезоната на зимски спортови. Венцел – изненадување во скијачко трчање.

https://p.dw.com/p/Bxin
Во полуфиналето на Светскиот куп Полјаците и’ се реваншираа на Германија за поразот во финалето на Светското првенствоФотографија: AP

Светскиот вицешампион Полска е победник на ракометниот супер-куп, што се одржа во Дортмунд. Во финалето Полска ја совлада Шведска со 27 спрема 26. Светскиот првак Германија во борбата за третото место ја сволада Русија со 36 спрема 27.

По седмиот освоен турнир годинава, јасно е дека Швајцарецот Роџер Федерер четврти пат последовно ќе биде на чело на светската ранг-листа на тенисери крајот од годината. Со победата вчера во финалето, Базел е 52-ри освоен турнир досега во кариерата на Федерер.

Во натпреварите од светскиот куп во пливање во кратки базени, Американката Натали Кафлин во Сингапур постави светски рекорд на 100 метри грбно со 56 секунди и 51 стотинка.

На викендот започна и сезоната од светскиот куп во зимските спортови. Севкупниот победник во аплски дисциплини од претходната сезона, Швеѓанецот Аксел Лунд Свиндал беше најдобар во велеслаломот одржан во Зелден, Австрија, пред Американецот Лигети и Паландер од Финска. Кај жените победи Италијанката Денизе Карбон, пред Американката Манкузо и Австријката Цетел. Германката Катрин Хелцл го освои осмото место.

На стартот од светскиот куп во скијачко трчање, изненадување приреди 22-годишниот Германец Јозеф Венцел со победата на трката одржана на вештачки подготвена патека на брегот на Рајна во Диселдорф. Тој зад себе го сотави олимпискиот победник Бјерн Линд од Шведска. Во женска конкуренција победи Русинката Светлана Матејева.

Зоран Јордановски