1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спречен исламистички напад врз десен радикал

ЖА/дпа13 март 2013

Инспекторите во покраината Северна Рајна Вестфалија, според извештаи на медиумите, спречиле исламистички напад врз претседателот на десно-екстремистичката партија ПроНРВ.

https://p.dw.com/p/17wSp
Фотографија: picture-alliance/dpa

Портпарол на државното обвинителство во Дортмунд денеска потврди дека се уапсени четворица осомничени. Пронајден бил и експлозив. Двајца од уапсените биле во Леверкузен, местото каде живее шефот на ПроНРВ, Маркус Бајсихт.

Другите двајца осомничени биле уапсени во станови во Бон и во Есен. Во Бон инспекторите, според државното обвинителство, пронашле и експлозив. Истрагата уште поодамна имала укажувања за одредени активности на групата, изјави портпарол на обвинителството од Дормунд, Хенер Крузе.

Како што пишува весникот „Билд“, при полициската акција била најдена и листа со имиња на други функционери на ПроНРВ.

Меѓу радикално-исламистичките салафисти и припадниците на ПроНРВ во минатите месеци зачестено доаѓаше до судири. Така, на први мај 2012 година активисти на ПроНРВ во Солинген прикажуваа карикатури навредливи за исламот, провоцирајќи на тој начин судири со салафистите.