1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спречен обид за атентат врз Обама

Ралф Сина28 октомври 2008

Една недела пред претседателските избори во САД, американските власти обелоденија дека бил спречен обид за атентат врз кандидатот на Демократите, Барак Обама. Уапсени се двајца неонацисти, кои го планирале атентатот.

https://p.dw.com/p/FiiE
Барак ОбамаФотографија: AP

Веста за планираниот обид за атентат врз Барак Обама ја објави американската телевизиска станица Си-Ен-Ен. Двете млади лица, на 18. и 20. годишна возраст, членови на неонацистичката група, скинхедси, биле откриени во градот Аламо, при рутинска контрола на сообраќајната полиција. Во нивниот автомобил биле пронајдени три пиштоли, автоматска пушка и една сачмарка, соопштија агенти на специјалната сојузна служба за оружје и експлозив

Двете лица, кои себеси се опишаа како бели расисти, признале дека планирале да извршат напад врз едно училиште, кое го посетувале најголем дел ученици од црна раса. Најпрвин требало да бидат застрелани 102 ученика. Потоа, атентаторите со својот автомобил, што е можно побргу сакале да се приближат до Обама и да го застрелаат.

Атентаторите биле подготвени да загинат

Убиството на претедателскиот кандидат на демократите според двајцата уапсени било таканаречено финале на планираните атентати врз афроамериканците. Двајцата скинхедси, кои се запознале преку интернет страници со десно радикални содржини, себеси се сметале како потенцијални самоубиствени атентатори и биле подготвени да загинат во акцијата.

Combo Bildkombo Barack Obama (links) und John F. Kennedy
Обама го споредуваат со Џон КенедиФотографија: AP

Двете лица, кои во меѓувреме се наоѓаат во притвор, в четврток по втор пат ќе бидат изведени пред суд под обвинение за поседување на нелегално оружје, заговор за кражба на огнено оружје и опасност за еден кандидат за претседател на САД.

Се будат непријатните спомени

Стравот за атентат врз првиот Претседател во Америка со црна боја на кожата е голем. Повторно оживеаа сеќавањата на убиствата на борецот за правата на граѓаните, Мартин Лутер Кинг, атентатите врз демократот Џон Кенеди и неговиот брат Роберт Кенеди. Барак Обама, кој од страна на симпатизерите неретко се нарекува црниот Кенеди, за време на своите настапи е обезбедуван како ниту еден досегашен претседателски кандидат.


Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема