1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спречен терористички напад во Њујорк

21 ноември 2011

Американец кој конвертирал во ислам планирал напади врз повеќе цели во Њујорк, откри полицијата.

https://p.dw.com/p/13E9P
Градоначалникот на Њујорк Мајкл БлумбергФотографија: AP

Американските власти спречиле обид за терористички напад во Њујорк, соопшти градоначалникот Мајкл Блумберг. Осомничениот бомбаш е 27 годишен симпатизер на Ал Каеда со потекло од Доминиканската република, но со американски пасош. Уапсениот планирал бомбашки напади врз полициски сили, поштенски објекти, како и врз припадници на воените сили кои се враќале од странство. Полицијата го следела повеќе од една година, а одлучила да го уапси откако ја финиширал изработката на бомбата.

Според полицијата, 27-годишниот Хозе Пиментел делувал самостојно и немал поддршка отстрана. Пиментел ковертирал во ислам и бил следбеник на муслиманскиот свештеник Анвар Ал Авлаки. Во истрагата признал дека му бил потребен уште еден час за да ја состави бомбата.

Автор: БГ/ АТ/ ап

Редактор: Симе Недевски