1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Спроти ѕидот“ - добитник на германската филмска награда

19 јуни 2004

Филмот “Спроти ѕидот” е голем победник при годинешното доделување на германската филмска награда. Делото на 30 годишниот германко – турски режисер Фатих Акин, кој живее и работи во Хамбург, вчеравечер во берлинскиот Темподром освои пет нагрди. Повеќе детали од извештајот на Силке Бартлик.

https://p.dw.com/p/AeVZ
Сцена од филмот„Спроти ѕидот“
Сцена од филмот„Спроти ѕидот“Фотографија: Timebandits Films

“Наградата ја добива “ Спроти ѕидот” на Фатих Акин ”

Тој триумфираше на меѓународниот филмски фестивал Берлинале, а сега “Спороти ѕидот” на Фатих Акин е повторно голем побеник, но овој пат при доделувањето на германската филмска награда за 2004 година. Во оваа драма се раскажува приказната на двајца Турци кои живеат во Германија, кои најпрвин мораат да го отфрлат својот дотогашен живот, пред да започнат нов. Имено традицијата и гобализираниот начин на живот не се софпаѓаат.

Вчеравечер при свеченото додлување на високата национална културна награда, пред околу 200 гости од светот на културата и политиката, филмот на Акин не само што ја доби главната награда за најдобар филм дотирана со 500.000 евра, туку беше награден и во категоријата режија, главна улога и најдобра камера.

“Во еден период, сите беа свртени кон светскиот пазар и успех. Но во меѓувреме, верувам, се сфати, дека сопствените приказни, се оние приказни кои во странство се очекува да се видат од германскиот филм. Меѓународните приказни не се интересни, туку она што овдека се случува.”

Сребрената филмска награда беше доделена на филмовите “Кроко” на Силке Ендерс, и “Чудотот од Берн” на Сенке Вортман,кој ја раскажува приказната за легендарниот успех на германската фудбалска национална репрезентација од Светското првенство во фудбал во 1954 година. Носителот на главната машка улога Петер Ломајер истакна

“Ја имав привилегијата да престојувам една недела во Португалија, да ја вдам германската репрезентација, данската, италијанската. Зборував со луѓе кои веќе 30 години не биле во кино. Тоа е она што сметам дека е најзначајното на овој филм, луѓето повторно да одат во кино. ”