1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Goldmadalie Bolt

18 август 2009

Финалната трка на 100 метри и фантастичниот рекорд на Усeин Болт и натаму се тема на коментари. Само многу наивни и неупатени можат да веруваат дека борбите на Светското атлетско првенство се стропроцентно чисти.

https://p.dw.com/p/JDV0
Класичните допинг средства се веќе надминатиФотографија: AP

Карактеристични белези не постојат - дебели натколеници и надлактици, со интензивен тренинг, можат да се добијат и со овошје и житарици. Времињата на анаболички стероиди за „пумпање“ на мускулите ионака поминаа. Допинг-проблемот денес е поподмолен, оти е невидлив и - што е уште полошо - не може да се докаже. Се чини дека допинг-средствата во меѓувреме се на такво техничко ниво, што дури ни на научници веќе не им се пристапни. Одамна помина голтањето пилули, но само до тоа ниво се стигнати оние, кои се борат против допингот. Во меѓувреме се користат хормони за растење, кои не можат да се докажат, или пак инсулин, материја која ја произведува самото човечко тело. И, бидејќи е ова познато, веројатно е веќе застарено.

Чекор пред контролата

Можеби измамниците веќе одамна се стигнати до целта и применуваат генетски допинг, чисто научна постапка, која може да биде применета само со обезбедена заштита од државни институти. Можеби тоа го има во Јамајка, од каде одеднаш доаѓаат сите чудесни тркачи и никој не може да објасни зошто е така.

Се чини дека никој, кој сериозно се интересира за спорт, нема да го игнорира тоа, но завладува резигнација, опуштање, помирување со таквата ситуација и сфаќање на спортот како монструм-шоу. Непомрачена радост - или сомневање во постигнувањата? Некако е сепак фасцинантно, на пример, да се гледа најбрзата трка што кога било ја прикажал некој човек - се’ едно со какви средства.

Коментар: Фолкер Хирт

Превод: Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска