1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Срамнета со земја куќата на Бин Ладен

27 февруари 2012

Пакистанските власти одлучија да го уништат објектот во кој беше убиен терористичкиот лидер Осама бин Ладен. Засега не се открива од кои причини властите одлучиле да го урнат објектот.

https://p.dw.com/p/14AXM
Фотографија: Reuters

Куќата во која со години живееше и се криеше лидерот на терористичката мрежа на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, е срамнета со земја. Пакистанските власти одлучија со булдожери да го уништат објектот кој се наоѓаше во градот Аботабад, на северозападот на земјата, и во кој американските командоси го застрелаа Бин Ладен во мај минатата година. Бин Ладен се вселил во трикатната куќа во 2005-та година. По операцијата остана само надворешниот ѕид кој го затскриваше директниот поглед кон објектот.

Пакистанските власти засега не откриваат од кои причини одлучиле да го урнат објектот, иако беше јасно дека нема да дозволат тој да се претвори во своевидна туристичка атракција или пак светилиште за поддржувачите на Ал Каеда. Од акцијата на американските специјални единици досега пристапот до објектот беше целосно забранет, како за новинарите, така и за поддржувачите на Бин Ладен.

Претставници на градските власти побараа на местото на објектот да се изгради женско училиште.

Автор: БГ/ап

Редактор: Ж. Ацеска