1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србите од северниот дел на Косово најавија референдум

26 декември 2011

Уредбата на Владата на Србија за слободно движење на граничните премини во Косово е неприфатливо за косовските Срби, заклучено е на заедничкиот состанок на претставниците на Србите во Звечан.

https://p.dw.com/p/13ZGk
Фотографија: picture alliance/dpa

Најавено е дека општините од северот на Косово ќе одлучуваат околу распишување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали ги прифаќаат албанските институции на северот на Косово. Референдумот најверојатно ќе биде одржан на Денот на независноста на Србија - 15. февруари.

„Уредбата нанесе голема штета на Србите кои живеат во Косово и ние со неа не се согласуваме, но не можеме да ја ставиме надвор од сила“, изјави претседателот на општина Косовска Митровица, Крстимир Пантиќ.

Во однос на барикадите во северниот дел на Косово, Пантиќ нагласи дека тие ќе останат таму, но дека локалното население нема да влегува во судир со КФОР и ЕУЛЕКС, како и дека во случај да бидат отстранети, тие ќе постават нови.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: Ж. Ацеска