1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Црна Гора е соочена со големи предизвици

17 февруари 2006

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо, престојуваше во Белград,втора станица од неговата балканска турнеја на која е придружуван од еврокомесарот за проширување Оли Рен.

https://p.dw.com/p/Ac8p
Баросо говореше и во парламентот на СиЦГ
Баросо говореше и во парламентот на СиЦГФотографија: AP

„Да се надеваме дека прогресот направен досега нема да биде загрозен од преостанатите политички проблеми , а тоа пред се се однесува на обврската за соработка со Хашкиот Трибунал “– порача Барозо во парламентот на Србија и Црна Гора , на седницата на која присуствуваа највисоките раководства на Србија , На Црна Гора и на државната заедница. Барозо пратениците од Радикалната партија го дочекаа облечени во маици со ликот на партискиот лидер Воислав Шешељ кој се наоѓа во затворот во Хаг . Барозо изрази уверување дека Србија и Црна Гора е подготвена да ги острани сите можни препреки што се однесуваат на соработката со меѓународниот суд за воени злосторства.

Незаобиколни теми на оваа посета на Барозо и Рен на белград беа и прашањата за статусот на Косово и референдумот во Црна Гора. Барозо притоа повика на конструктивно однесување на сите страни вклучени во решавањето на идниот статус на Косово , бидејќи како што рече , тоа ќе им биде од полза на сите кои живеат во покраината .

„Оваа порака е порака на доверба со која бараме од сите страни да се вклучат конструктивно во тоа многу чуствително прашање“ – изјави Барозо.

Шефот на Еврокомисијата но и комесарот за проширување Рен , по средбите со премиерот , Мило Ѓукановиќ и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ пак истакнаа дека ЕУ очекува широк консензус во земјата околу правилата за реферндумот за независност кој треба да се одржи наскоро.

Барозо и Рен во Белград меѓутоа и јасно ја пренесоа пораката дека иднината на Србија и Црна Гора е во Европа и оти со нивната посета сакаат да го потенцираат тоа и да го поттикнат процесот на решавање на проблемите што го забавуваат процесот на евроинтеграција на државната заедница.

Високата делегација на Европската Комисија , денеска најнапред ќе престојува во Приштина а потоа ќе замина во Скопје.