1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија не смее да ги дестабилизира соседите

Марина Максимовиќ / Елизабета Милошевска Фиданоска14 јуни 2012

Брисел од Србија очекува да работи на соработка во регионот и на решавање на сопствените финансиски проблеми. Признавањето на независноста на Косово не е услов за влез на земјата во ЕУ.

https://p.dw.com/p/15DJ3
Фотографија: Reuters

Во Европската комисија се вели дека по посетата на еврокомесарот Штефан Филе на Белград е „уште појасно“ што земјите од ЕУ очекуваат од Србија како предуслов за почеток на пристапни преговори. „Признавањето на Косово никогаш не било дефинирано како услов за влез на Србија во ЕУ. Пристапниот процес на Србија, во овој момент, како клучен приоритет има одржливо и видно подобрување на односите со Косово“, изјави портпаролот на комесарот за проширување, Петер Стано.

Во Брисел истовремено се потсетува на важноста од продолжение на политичките и економски реформи во Србија, за извештајот за прогресот којшто Европската комисија го подготвува за октомври да биде уште попозитивен за Белград. За напредокот на полето на евроинтеграциии да биде подобар, известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин повикува на што побрзо формирање нова стабилна и силна коалиција и влада којашто би требало да даде конкретни резултати уште пред летната пауза.

Belgrad Serbien Stefan Fuele Tomislav Nikolic
По посетата на еврокомесарот Штефан Филе на Белград е „уште појасно“ што земјите од ЕУ очекуваат од Србија, се вели во ЕКФотографија: picture-alliance/dpa

„Треба да се биде внимателен и се овозможи, не само на претседателот на Србија, туку и на владата на Србија, да се докажат во согласност со приоритетите. Прв приоритет би требало да биде санација на тешката фискална ситуација и договор со ММФ“, изјави Кацин за ДВ.

Србија да си се посвети самата себеси

Покрај финансиската криза, Србија во наредниот период мора да се соочи и со големата невработеност и системска корупција, се вели во Европскиот парламент.

„Србија мора да се посвети самата на себе, не смее да ги дестабилизира соседните држави. ЕУ многу би ценела доколку српскиот претседател прво отиде во посета на Босна и Херцеговина, а дури потоа на Република Српска“, вели Кацин. Тој потсетува дека Томислав Николиќ, кога станува збор за изјавата за „Сребреница и геноцидот“ рекол само онолку колку што кажало и Народното собрание на Србија во својата резолуција, како и дека Николиќ ги повикал и Собранието и идната коалиција на власт „да ја дополнат резолуцијата за Сребреница, ако мислат дека неговиот став не е правилен“.

Според Кацин, покрај продолжувањето на дијалогот со Приштина, неопходно би било воспоставување на дијалог меѓу Србите од северот на Косово и Србите кои живеат јужно од Ибар:

Jelko Kacin
Јелко КацинФотографија: by-nc-sa/ALDEADLE

„Претседателот на Србија може да биде катализатор за Србите од северот на Косово да се соочат со реланоста и својата иднина да ја гелдаат во зајакнување на српската заедница на Косово.“

Кацин, кој пред ЕП во Стразбур рече дека регионалните лидери и ЕУ мора внимателно да ги следат првите потези на новиот српски претседател, со оглед на неговото националистичко минато, додава дека е уверен оти Николиќ со секоја нова недела од извршувањето на должноста претседател ќе дава се‘ похармонизирани пораки кои ќе ги убедат сите во регионот дека Србија е цврсто определена и посветена на својот европски пат.