1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија сака до 2020. година да стане членка на ЕУ

Ф. Хофман / Е.М.Фиданоска19 февруари 2014

Во Србија на 16 март се одржуваат предвремени парламентарни избори. Фаворит е партијата на досегашниот потпретседател на владата Александар Вучиќ. Земјата преговара за влез во ЕУ и се надева да ги заврши до 2020 година.

https://p.dw.com/p/1B3Ws
Фотографија: Reuters

Александар Вучиќ, најмоќниот човек во Србија, шеф на најголемата владејачка партија, во посета на граѓаните на периферијата на Белград. Локалното училиште треба да биде приклучено на канализационата мрежа. Барем мал позитивен сигнал.

Зашто, Србија до денес страда од последиците од војната што во 90-тите години ги водеше против своите соседи.

„Тоа беше грешка на политичарите од тоа време. Ние не препознавме што се случуваше во Европа“, оценува Вучиќ.

Задоцнето согледување. Вучиќ и самиот им припаѓаше на некогаш екстремните српски радикали, потоа се оддели од нив и сега ја води конзервативната Српска напредна партија, која води во сите анкети.

Serbien Aleksandar Vucic
Александар Вучиќ: Се надеваме дека набргу ќе станеме дел од ЕУФотографија: AP

Променетиот националист сака да ја внесе Србија во ЕУ до 2020 година. Има и посебна причина за тоа - сеништата на минатотo предолго го попречуваа економскиот пресврт во Србија.

Многу закони се од времето на социјалистичка Југославија. На Србија и‘ е неопходна помош од странство. Вучиќ во декември водеше преговори со Светска банка за нов кредит од 500 милиони евра. Преговорите за приклучување во ЕУ треба да донесат уште повеќе.

„Тоа е сигнал дека еден ден ќе бидеме дел од Европа. Се надеваме дека тоа ќе се случи набргу. Во секој случај тоа значи дека сме општество во кое и со кое може да се работи. Мислам и дека тоа исто така ќе ја подобри нашата соработка со сите земји на ЕУ“, оценува Вучиќ.

Некои гледаат критички на промената на националистите во поддржувачи на ЕУ. Активистката за човекови права Соња Бисерко во 90-тите години се бореше против режимот на Милошевиќ, тогаш кога многумина политичари од сегашната влада ја поддржуваа војната.

Sonja Biserko Autorin und Menschenrechtaktivistin aus Serbien
Соња Бисерко, Хелсиншки комитет за човекови права СрбијаФотографија: DW

„Знаете, многу голема хипокризија е кога велат - гледаме во иднината, минатото е зад нас; да, нешто направивме погрешно - но не кажуваат што и си продолжуваат. Сега водат многу популистичка политика, како кај борбата против корупцијата“, вели Бисерко.

Владата се обидува да поентира со многу апсења, но досега нема правосилна пресуда.

Со децении корупција, лошо водена економска политика. Последиците не можат да не се забележат во центарот на Белград. Владата се надева на подем откако Србија ги почна преговорите за приклучување во ЕУ.