1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Абас-Олмерт

16 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDQ

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас ја одржаа првата од серијата планирани регуларни средби . За време на состанокот тие разговарале главно за дипломатски прашања . Олмерт притоа уште еднаш побарал што е можно побргу да биде ослободен израелскиот војник Гилад Шалит кој беше гиднапиран од палестинските милитанти во појасот на Газа во минатиот јуни. Двете страни разговарале и за можно ослободување на палестински затвореници од израелските власти во замена за Шалит.