1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Бучковски - Рамсфелд

2 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRy

Односите на НАТО со земјите аспиранти за влез во алијансата, како и дефинирањето на новата улога на "Партнерството за мир" се задачите со кои денеска во Брисел ќе се зафати Евроатлантскиот партнерски совет. На средбата ќе учествува и македонскиот министер за одбрана, Владо Бучковски, кој вчеравечер разговараше со американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд. "Со учеството во мисијата "Слобода за Ирак", Македонија и вашиот народ застанаа на страната на мирот, демократијата и глобалната борба против тероризмот, втемелувајќи го партнерството со американскиот народ", рече Рамсфелд. Тој потенцираше дека САД ќе знаат да го вреднуваат македонското учество во Ирак и реформите што се во тек. Вратите за прием во НАТО се отворени, нагласи американскиот министер. Расмфелд високо ја оцени и регионалната соработка во рамки на Јадранската група.

Македонскиот министер Бучковски, претходно разговараше со францускиот колега, Мишел Аљо Мари, околу воено-техничката соработка за идната година, рефромите во макеоднската одбрана и безбедносната состојба во регионот.

Министрите за одбрана на земјите на НАТО, вчера во Брисел донесоа одлука за намалување на силите во Босна и Херцеговина од 12 на седум илјади војници. Намалувањето на војниците, според Бучковски, покажува дека во регионот има поволна клима и укажува на период на безбедносна стабилизација. Прашан како САД ќе го обезбедат своето присуство во Босна ако се заврши мисијата на СФОР и ако таму наскоро дојдат војници на ЕУ, американскиот министер за одбрана, Рамсфелд, пред новинарите вчера рече дека и со сојузниците во НАТО и со властите во Сараево ќе биде разгледан начинот на американско ангажирање во Босна по завршувањето на СФОР мисијата.