1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Груевски-Рен

Валентин Николовски12 септември 2006

Високата делегација на Република Македонија, предводена од премиерот Никола Груевски, го апсолвираше првиот дел од посетата на Брисел. Делегацијата водеше разговори со евро-комесарот за проширување, Оли Рен.

https://p.dw.com/p/Ac3K
Прва посета на Груевски на Брисел
Прва посета на Груевски на БриселФотографија: AP

Оценката на еврокомесарот Оли Рен за разговорите со македонската делегација гласи – пријателски и контруктивни. Тој посебно ја поздрави заложбата во владината програма за борба против организираниот криминал и корупцијата, а во тој контекст и за побрз економски развој и за решавање на големата невработеност во земјата. Рен на прес конференцијата во Брисел рече дека го запознал македонскиот премиер со мерките на Европската комисија, која е партнер во решавање на проблемите, како што е невработеноста и тоа преку економски развој на земјата.

Македонскиот премиер, Никола Груевски, за време на првата посета на ЕУ, нагласи дека во Брисел македонската делегација престојува со цел да ги запознае челните луѓе на европските институции и НАТО со новата македонска влада и нејзината програма. Тој рече дека ЕУ досега ги слушала намерите од предизборните кампањи во Македонија, а сега ја слуша и конкретната програма на владата. Владата бара поддршка од Европската комисија за реализација на овие програми. Главен проблем е економскиот прогрес и намалувањето на невработеноста. Тоа не може да се случи доколку не се засили борбата против органзиираниот криминал и корупцијата и на тоа поле македонската влада посебно ќе се посвети. Истовремено Груевски најави повеќе промени во владиното дејствување, а особено во сферата на царината, здравството, поголеми овластувања за јавниот обвинител, судски реформи и друго. Новата влада, рече Груевски, се обврзува да го реализира неспроведениот дел од Рамковниот договор, посебно во делот на законот за полиција и во децентрализацијата. Премиерот истакна дека нема смонеж оти тоа ќе се реализира. Владата и опозицијата, според Груевски разговарале околу политичкиот консензус за главните политички прашања и таков консезус, според него, ќе биде постигнат.