1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на ЕУ министрите за надворешни работи

2 септември 2005

ЕУ има намера во септември повторно за решава околу планираниот почеток на преговори за приклучување на Хрватска кон унијата. Во текот на овој месец треб ада се состане работна група на унијата формирана за тие намени, изјави денеска во Њупорт, на нефомалната средба на унијата, еврокомесарот за проширување, Оли Рен. Работната група, освен Рен, ја сочинуваат и Хавиер Солана, британското претседателс

https://p.dw.com/p/AcCu
Џек Стро, британскиот министер за надворешни работи
Џек Стро, британскиот министер за надворешни работиФотографија: AP

�во во унијата и Австрија.

Еврокомесарот Рен, денеска се изјасни и околу процесот на приклучување кон унијата ан Бугарија и Романија. Тој рече дека до двете земји се испратени писма, кои практично значат жолти картони поради незавршените ангажмани што треб ада бидат исполнети. Забелешките се однесуваат на реформата на судските системи и борбата против корупцијата. Бугарија и Романија би требало да станат членки на унијата на 1 јануари 2007 година.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Њупорт разговараат и околу помошта за Палестинците. Тие, според најавата, на крајот од средбата во Њупорт треба да постигнат согласност за помш во висина од 60 милиони евра, од кои 40 милиони треба да бидат употребени за инфраструктурни проекти во појасот Газа, по повлекувањето на Израел.

Од разговорите на шефовите на дипломатии на земјите на унијата, денеска протече и информацијата за подготвеноста на ЕУ да им се помогне на САД поради штетите од ураганот Катрина. Тоа, според првито европски дипломат, Хавиер Солана, значи и дека би се доставиле резерви на сурова нафта со кои располага унијата. Инаку, за ураганот и неговите последици, како и за вртоглавите цени на нафата, ќе говориме во последниот дел од оваа емисија.