1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на Милошоски и Нимиц во Њујорк

Zana Aceska30 април 2011

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Њујорк ќе има средба со посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, откако претходно се сретна со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

https://p.dw.com/p/116lo
Антонио МилошоскиФотографија: AP

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и македонскиот претставник во разговорите со Грција околу разликите за името, амбасадорот Зоран Јолевски, денеска во Њујорк ќе имаат средба со посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц.

Antonio Milososki und Ban Ki Moon
Антонио Милошоски и Бан Ки МунФотографија: MIA

Шефот на македонската дипломатија Милошоски во четвртокот на средбата со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун истакна дека Република Македонија е подготвена за продолжување на македонско-грчкиот дијалог за надминување на разликите околу името и оти дава целосна поддршка на процесот што се води со посредништво на ОН.

На средбата во седиштето на ОН, Милошоски ја презентира и меѓународно - правната димензија на македонско-грчкиот случај пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Прес-службата на ОН соопшти дека Бан Ки-мун искажал охрабрување за директниот дијалог воспоставен меѓу премиерите на двете земји и оти е време да се оди кон одлуки со кои што ќе се реши прашањето експедитивно и на заемно прифатлив начин.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема