1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на Штајнмаер со претседателот на Нигерија

2 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPEq

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во рамките на посетата на Нигерија се сретна со новиот претседател на земјата Умару Јарадуа. Претходно во разговорите со претставници на нигериската влада , Штајнмаер ја поздрави одлуката за испраќање на заеднички мировни сили на ОН и на Африканската Унија во кризниот регион Дарфур во Судан. Тој притоа и одаде признание на Нигерија за нејзиниот досегашен ангажман во Дарфур.