1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на Ѓул и Штајнмаер

Исмет Кочан7 септември 2006

Со учество на бројни германски и турски научници,уметници и стопанственици и спортисти денес во Истанбул се одржа средба наречена Иницијатива за меѓународен дијалог и разбирање,Ернст Ројтер

https://p.dw.com/p/AdxY
Фотографија: picture-alliance / dpa

.

Средбата ја организираат министерствата за надворешни работи на двете земји како обид за воспоставување дијалог меѓу двете култури и цивилизации,што беше прекинат со објавувањето на карикатурите на пророкот Мохамед во Данска. На средбата која беше посветена на познатиот Германец Ернст Ројтер, кој во 1940 година бегајќи пред нацистите нашол засолниште во Турција,зборуваа и турскиот и германскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул и Франк Валтер Штајнмаер,кои на светот му испратија порака во која истакнаа дека различните култури треба да живеат во меѓусебна толеранција и почитување.

-Турција е мост меѓу континентите и културите,тоа е муслиманска земја,кандидатка за членка во ЕУ.Заедно со вреднувањето на економските вредности,треба да се вреднуваат и верските и културните разлики,кои треб ада станат богатсво на денешнината,изјави меѓу другото шефот на турската дипломатија,Абдула Ѓул.На овој собир германскиот министер за надворешни работи зборуваше за контрадикцијата на денешната технологија и ерата на тотални врски ,во која недостасува меѓусебна комуникација на различните култури

-Ние денес за жал се соочивме со големи тешкотии,имаше терористички напади на 11 септември,кои го повредија заедничкиот живот на луѓето од различни вери и нации,а тие разлики би требало да се задржат и да се доживуваат како богатство,истакна Штајнмаер,со напомена дека приказната за Ернст Ројтер не е осамена и дека 40 годишното германско турско партнерство е најдобар пример за соживот меѓу различни вери и цивилизации.

На собирот зборуваше и генералниот директор на Дојче Веле Ерик Бетерман,кој ги истакна позитивните искусства на оваа информативна куќа,која објавува програма на различни јазици.Осврнувајќи се на модерната ера на коммуникации,и тој нагласи дека е отежнато меѓусебното разбирање,истакна дека веста мора да биде објективна ,особено кога се во прашање различните култури,што за жал секогаш не се остварува.Бетерман уште подвлече дека Дојче Веле во тој поглед е отидено многу напред,за што треба да се заблагодари и на неговата специфична академија со програмата за меѓународни новинари,со која на новинарите од различни земји и култури им се дава можност за заеднички живот и учествување во подготвување на програми на различни јазици.