1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Попоски-Венизелос во Брисел

БГ/миа22 јули 2013

Двајцата министри за надворешни работи разговарале за изгледите за динамизирање на дијалогот околу спорот за името. Попоски очекува „суштински средби“ за името од грчка страна.

https://p.dw.com/p/19BoJ
Фотографија: AP

Перспективите за напредок во евроинтеграциите под тековното литванско и следното грчко претседавање со ЕУ, изгледите за динамизирање на дијалогот околу разликата за името, перцепциите за различната политичка приоритетност на спорот во двете земји и ефектите од должничката и економската криза на билатерално и регионално ниво се темите на кои денеска во Советот на Европската унија во Брисел разговарале македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски со грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Како што соопшти македонското МНР, на оваа прва средба меѓу двајцата министри Попоски ги истакнал заложбите за интензивирање на македонско-грчките односи, потребата од зголемена посветеност на политичко ниво на Атина и користа од отворен пристап и непречен проток за луѓето, бизнисите и идеите меѓу двете земји.

„Главна цел од наша страна беше да видиме придвижување по однос на главните прашања и да добиеме одговори по однос на тоа дали Грција планира да покаже на дело дека е посветена на продолжување на процесот на проширување со овозможување на почеток на преговорите со ЕУ и воедно на другото клучно прашање, односно дали се подготвени да покажат политичко ниво на посветеност, не проформа средби, туку вистински, суштински средби со политички мандат онака како што беше предложено на премиерско ниво за надминување на наметнатиот спор околу името“, изјави Попоски за агенцијата МИА .

„Мислам дека само врз основа на одговорите кои ќе ги добиеме на овие прашања ќе можеме да судиме колку навистина постои посветеност. Во овој момент конкретни одговори на овие прашања немаме. Мислам дека е неопходно да се пристапи целосно кон надминување на овие опструкции од кои Република Македонија не може да продолжи во евроинтеграциските процеси, вели Попоски по средбата со грчкиот колега.