1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Попоски - Димас

6 декември 2011

Прва средба на македонски и грчки функционери по вчерашната (05.12) пресуда во Судот во Хаг - на билатерален разговор во Литванија седнуваат шефовите на дипломатијата на двете земји, Никола Попоски и Ставрос Димас.

https://p.dw.com/p/13NKq
Шефот на македонската дипломатија, Никола ПопоскиФотографија: Petr Stojanovski

Еден ден по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со која Македонија го доби спорот против Грција, шефовите на дипломатијата од двете земји ќе имаат заедничка средба. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски ќе се сретне во Вилнус, во рамките на министерскиот состанок на ОБСЕ, со својот грчки колега Ставрос Димас.

Попоски ќе има средби и со домаќинот литванскиот министер за надворешни работи Ажубалис, како и со шефовите на дипломатиите на Естонија, Летонија, Бугарија и со францускиот министер за европски прашања Жан Леонети.

Bildergalerie EU-Kommissare Stavros Dimas Environment Greek
Новиот грчки министер за надворешни работи Ставрос ДимасФотографија: EU

Попоски ќе има обраќање и на министерскиот форум. На состанокот учествуваат над 40 шефови на дипломатии и високи претставници од 56 земји членки на ОБСЕ. Меѓу учесниците се и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на дипломатијатијата на Русија, Сергеј Лавров.

Главни теми за дискусија на форумот ќе бидат eвроатлантската и евроазиската безбедност, како и слободата на медиумите.

Автор: АМ/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска