1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српската влада ќе се реконструира и персонално и содржински

ЕМФ/бета6 јули 2013

На српската влада и‘ претстои реконструкција, и тоа не само смена на министрите, туку и на целите, изјави претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ.

https://p.dw.com/p/193BX
Фотографија: picture alliance / dpa

Реконструкцијата на целите и задачите не се прави „под присила“, туку поради добрите резултати, тврди Александар Вучиќ, кој ќе учествува на утрешниот (07.07) состанок на лидерите на владејачката коалиција посветен на реконструкција на владата.

Првиот потпретседател на српската влада додаде дека нема сомневање оти ќе има „притисоци и лоши зборови“ поради реконструкцијата и дека на крајот ќе има незадоволни:

„Не мислам дека кој било што се чувствува повреден или погоден ќе реагира жестоко, но таков е животот. Ако сакате да седите во ладовина и да чекате настаните да ве претекнуваат, тогаш нема да постигнете никаков резултат за својата земја.“

Според Вучиќ, владата може да се сака или не, но нејзините резултати „ги признаваат речиси сите земји во светот, со кои Србија денес има подобри односи отколку порано“. Тој нагласи дека реконструкцијата на владата ќе биде завршена до 27 јули.