1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стабилноста на Македонија е тангирана од нестабилноста во соседно Косово

20 ноември 2007

Дорис Пак, пратеник во Европскиот парламент, за ДВ рече дека решение за Косово од интерес за „многу кревката“ ситуација во Македонија. Нерешавањето на статусот може да провоцира некои Албанци на „непромислени постапки“.

https://p.dw.com/p/CPai
Дорис Пак, европратеник од групата на Европските народни партииФотографија: dpa

„Ситуацијата на Косово, каква што е сега, е опасна и за Македонија, оти нерешавањето на статусот намамува некои Албанци од границата кон Косово на непромислени дејствија – тоа го видовме и неодамна. Сигурна сум дека решение на косовското прашање е многу важно за сите земји околу Косово и поради тоа многу се надевам дека тројката ќе дојде до некакво решение што ќе може да биде спроведено во почетокот на наредната година, од интерес за Србите на Косово, за Србите во Србија, но пред се’ од интерес за многу кревката ситуација во Македонија.

Го посакувам тоа и знам дека натамошно непромислено и бесцелно постапување како сегашново и во Македонија предизвикува потешкотии. Поради тоа сметам дека за целиот регион би било најдобро решение за косовското прашање – според мене и според Европскиот парламент најдобро во смисла на планот на Марти Ахтисари – за конечно регионот да може да гледа напред и етничките конфликти да му ги препушти на минатото.

Стабилноста на Македонија е тангирана од нестабилноста во соседната земја, оти Албанците од Косово со многу пријатели од албанско потекло во Македонија не беа секогаш најмирољубиви. Колку подолго ќе трае несигурната ситуација, тоа е дотолку позагрозувачко, оти така тие можеби би се занесле да се впуштат во непромислени постапки. Затоа се надевам на скорешно решение, пред се’ во интерес и на стабилноста на Македонија“ – рече Дорис Пак во изјава за Македонската програма на Дојче Веле.