1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стамболиски и Петковски ќе се бранат од слобода

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSPB

Одбраната на генералот Методиј Стамболиски и на управителот на МЗТ, Митре Петковски, обвинети за проневера во случајот со армиските тенкови Т-55, доби позитивен одговор на барањето за пуштање на нивните клиенти да се бранат од слобода. Двајцата денеска треба да бидат ослободени од притвор, откако ќе биде приложем паричен надоместок или имотен залог. Адвокатите на Стамболиски и Петковски ваквото барање до Советот при Кривичниот суд го поднесоа откако претходно, првообвинетиот во случајот, Владо Бучковски, беше пуштен да се брани од слобода.