Стандард енд Пурс го намали кредитниот рејтинг на Кипар
21 декември 2012Од последното намалување на оценката во октомври состојбата во Кипар е дополнително влошена, соопшти агенцијата во Њујорк. Таа и изгледите на земјата за во иднина ги оцени како „негативни“. Во Кипар, според агенцијата, е зајакнат финансискиот притисок, а несигурноста на условите на секоја финансиска поддршка останува, во очекување на претседателските избори во февруари следната година.
„Стандар енд Пурс“ ги критикува бавните преговори на Кипар и Тројката, составена од претставници на ЕУ, ЕЦБ и ММФ околу пакет финансиска помош. Додека се ограничени финансиските опции на владата, расте ризикот од државен банкрот, истакнува рејтинг-агенцијата. Германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ вчера (20.12) објави извештај, според кој ММФ бара отпис на долговите за Кипар, зашто земјата во спротивен случај по спроведувањето на реформите нема да може да го носи товарот на каматите.