1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стандард и Пурс го потврди највисокиот рејтинг на Германија

БГ/СН/дпа/дапд2 август 2012

Потенцирајќи ги силните економски основи на државата, американската агенција за кредитен рејтинг Стандард и Пурс соопшти дека Германија ја задржува највисоката оценка тројно А, за нејзината кредитоспособност.

https://p.dw.com/p/15iOH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Соопштението на Стандард и Пурс доаѓа само една недела откако другата голема рејтинг агенција агенција, Мудис ја предупреди Германија дека и се заканува намалување на оценката за бонитетот поради можни проблеми со долгорочните долгови.

Стандард и Пурс наспроти тоа констатира дека Германија има разновидна и конкурентна економија со демонстрирана способност да апсорбира економски и финансиски шокови.

Рејтинг агенцијата Мудис минатата недала по изнезените влошени прогнози за кредитниот рејтинг на Германија и неколку германски покраини, ги намали прогнозите за бонитетот на 17 германски банки од „стабилни“ на „негативни“.

Погодени се пред се‘ покраинските банки, но и Германската индустриска банка ИКБ и Дојче пост банк, како и државната банка за поддршка КфВ.

Намалување на оценката за кредитоспособноста може да води кон повисоки камати при земањето кредити.