1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стариот филм во нов сјај

15 февруари 2010

Еден од зенитите на годинешното Берлинале е светската премиера на реставрираното ремек-дело на немиот филм „Метрополис“ на Фриц Ланг во оригинална должина на големото филмско платно на Бранденбуршката капија.

https://p.dw.com/p/LzXY
Фотографија: Belville-Verlag

Замислете дел од партитурите на Бетовеновата 9 симфонија да исчезнат веднаш по нејзиното компонирање, и дури сега да бидат пронајдени нотите кои недостасувале, или пак да се загубат педесетина страници од романот на Кафка „Процес“ и потоа да бидат пронајдени случајно на нечиј таван. Нешто слично навистина се има случено и тоа со немиот филм на германскиот режисер Фриц Ланг „Метрополис“. Станува збор за едно од најзначајните дела во светската филмска историја и единствен филм кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

Ausstellung Metropolis
Сцена од филмот „Метрополис“Фотографија: Deutsche Kinemathek

Сензационална вест од Аргентина

Премиерата на овој извонреден филм во 1927 година во Берлин се досега беше едно од ретките прикажувања на овој филм во полна должина:

„ Имаше три оригинали од филмот, еден за Германија, еден ја купија Американците и еден за светот. И Американците сметаа дека времетраењето од дваипол часа е предолго и го скратија за половина час а потоа и Германците го направија истотото. Со текот на времето тој материјал беше изгубен“ , вели Еберхард Јункерсдорф, кој во последните месеци беше задолжен за раставрација на „Метрополис“. Тој вели дека до пред кусо време никој не верувал дека некогаш повторно ремек-делото ќе може да се види во полна должина. Но ненадејно од далечната Аргентина во Германија стигнала сензационална вест:

„ Случајност било дека во 1928 година аргентински дистрибутер купил еден од трите оригинали од „Метрополис“ Тој исто така го скратил филмот, но пресечените делови му ги дал на еден колекционер кој имал музеј и кој потоа ги дал на друг музеј во Буенос Аирес каде што потоа се наоѓале деловите“.

Дури новата директорка на тој музеј сфатила каков вреден материјал се наоѓа во архивата и за тоа во летото 2008 година го известила колегата Рајнер Ротер, шеф на Брелинскиот филмски и телевизиски музеј.

Делови со суштинско содржинско значење за „Метрополис“

Regisseur Fritz Lang
Фриц ЛангФотографија: picture-alliance / dpa

А потоа се одело сосема бргу. Реконструкцијата и реставрацијата на познатиот филм на Фриц Ланг и била доверена на Фондацијата Фридрих Вилхелм Мурнау, чиј претседател Хелмут Посман истакнува:

Кога стана јасно дека е повторно откриен материјал од ’Метрополис’ , по реакциите од целиот свет можеше да се забележи дека тој филм е од извонредно значење не само за Германија. Воопшто не се ни постави прашањето дали да се реставрира или не“

Ане Вилкенинг со месеци работеше на реконструкцијата. Таа раскажува дека добар дел од материјалот бил во лоша состојба а требало и пресечените сцени повторно да се вратат во постоечкиот филм. Тоа не било лесно бидејќи само малку луѓе имале можност да го видат филмот во првобитното издание. затоа материјалот е склопуван со помош на оригиналната филмска музика која ја напишал Готфрид Хуперц. Според мислењето на Анке Вилкенинг целиот труд се исплател:

„Овој половина час содржински има големо значење за ’ Метрополис“. Во основа станува збор за две цели сцени кои во 1927 комплетно биле отстранети од филмот, како и неколку пократки секвенци како и за неколку помали секвенци кои се протегаат низ целиот филм“.

Автор: Јохен Киртен/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска