1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Старите лица се’ попожелни туристи

9 февруари 2011

Германците постари од 50 години не се само поздрави и пофит од генерацијата нивни претходници, туку имаат и повеќе пари. И нив повеќе не им ги даваат само на внуците, туку пред се’ им се омилени патувањата.

https://p.dw.com/p/109oG
Фотографија: DPA

Старт за моќната машина на дневниот излет на „Харли Дејвидсон“. Излетниците се службеници, архитекти, бизнисмени - групата е шаренолика. Едно нешто меѓутоа им е заедничко. Сите се постари од 50 години и сакаат за време на одморот на езерото Флезензе вистински да дадат гас. Рајнхард Хербст наскоро ќе оди во пензија и си бара ново хоби. Веќе 45 години тој воопшто нема седнато на моторцикл:

„Да едноставно морам да пробам дали му се допаѓа, зашто многу години немам возени и ова тука е најдобрата можност да го направам тоа“.

Акција наместо лежење на плажа

Четиридневниот курс може да се уплати во клубот Робинсон Флезензе. Особено баран овој курс е кај постарите гости. Преку 1000 го букирале овој курс во минатата сезона.

Mann auf Harley Davidson Motorrad
Група на „Харли дејвидсон“Фотографија: AP

„Да, верувам дека за секој човек тоа е своевиден сон од детството. Многумина со 18 години стекнале возачка дозвола , меѓутоа не можеле да си го дозволат тоа но затоа сега се во состојба да си го остварат сонот“, вели Штефан Манголд од клубот Робинсон Флезензе.

И додека едни на моторцикли ја разгледуваат околината , на неколку километри оддалеченост во одморалиштето други го вежбаат својот удар со стапот за голф.

Една третина од гостите во одморалиштето се сениори. Многу од нив се пасионирани голфери и ог користат одморот за да ги подобрат своите вештини. За нив тоа е најубавиот начин за одмор:

„Потребна ми е акција а цел ден да се лежи на плажа тоа е ништо. А впрочем и овде ќе се исочнам“

Маркетиншка цел и на одмор

Токму сениорите се полни со барања па дури и на одморот полагаат на марки. А Оливер Хојлер е една таква марка. Голф клубот во Флезензе го вработи поранешниот германски селектор за да ја воодушеви силно платежноспособната целна група на луѓе постари од 50 години. За нив имено понудата никогаш не е доволно голема:

Robinson-Club in Mecklenburg
Фотографија: dpa

„Од тоа резултираат различни нешта, кои ги нудиме, како на пример концерти или пак програми за добра исхрана и за совети за подобро здравје“, вели Томас Дебер-Ритер претставник на локалните власти.

Еден од тие програми е курсот за Чи кунг - традиционалниот кинески телесен и ментален тренинг. Да се направи активно нешто за сопственото здравје. Ова ги интересира се’ повеќе повозрасни луѓе, дури и на одмор. Како нова понуда на Флезензе наскоро ќе дојде т.н Здравствен центар. Учесниците на излетот со „Харли Дејвидсон“ на нивната тура веќе можеа да кја видат локацијата на идниот центар. Здравствени проверки претпладне, возење „харли попладне? Во секој случај добро ситуираната целна група на лица постари од 50 години и на одмор е маркетиншка цел.

Автор: Табеа Мергенталер/ Симе Недевски

Редактор: Горан Чутаноски