1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Старомодниот углед на Германија во странство не му штети на германското стопанство

25 ноември 2004

Каква слика за Германија имаат во светот? Настаните во фудбалот се следат редовно, но инаку имиџот на земјата, барем во Азија е под белегот на старомодни работи: Бетовен, или колбаси и пиво. Му штетат ли ваквите клишеа на германското стопанство? – за тоа се дискутираше деновиве на една од работните групи на 10-тата азиско-пацифичка конференција на германското стиопанство, што се одржа во тајландскиот главен

https://p.dw.com/p/AePu

�рад Бангкок.

Германија за јапонските млади луѓе е аут, не е кул – ова произлегува од студијата што се занимаваше со прашањето дали дел од симпатиите на старите генерации е пренесен и врз помладите. За Јапонците помлади од 30 години Германија е застарена; навистина, солидна – читај Мерцедес, Фолксваген, БМВ – но сепак конзервативна. Кај модата, дизајнот, уметноста, хип-хоп енд компани, тука – со право или не – се бројат Париз, Лондон, Њујорк. Загрижувачки звучи што такви оценки преовладуваат токму во генерацијата која делумно веќе сега е на важни места во втората светска економска сила.

Според мнозинското мислење на подиумот во Бангкок, за Азија севкупно важи впечатокот дека Германија е олицетворение на една мешавина од симболи на Октоберфест, класична но одамна позната музика и вообичаените квлитети – точност, чистотија, доверливост. Учесниците во дискусијата од стопанството, дипломатијата и надворешната културна политика беа релативно согласни дека мора да се ревалоризира имиџот на Германија со модерна презентација на културата и општеството во странство.

Но, тоа што Германија досега во Азија во голема мера се смета за модернизирана занаетчиска идила во основа не им штети на германските претпријатија ангажирани во бизнисот на тој континент. Габриеле Енгел, која ги презентира модерните продукти од регионот на Нирнберг во кинескиот регион Шензен, што бележи стопански бум, консеквентно полага врз традиционални специјалитети –тоа го сакале нејзините соговорници. И Хуберт Линхард од раководството на концернот за производство на турбини “Фојт” не гледа суштински недостаток во старомодниот имиџ.

Многумина во дискусијата таквиот, не само старомоден, туку понекогаш и недвосмислено негативен имиџ во странство, им го ставија на товар на англоамериканските медиуми. Најголемиот дел од претставниците на стопанството очекуваат не толку од Гете-институтот, колку од Дојче Веле пренесување нагласено позитивна слика, зашто тоа севкупно и‘ е од полза на Германија како производствен пункт. На ова се спротивстави интендантот Ерик Бетерман: “Еден јавен сервис за странство како Дојче Веле се разбира со своите емисии придонесува за создавање слика за Германија. Но, ако стопанството очекува дека ние, така да кажам, сме маркетиншка агенција, тоа е во спротивност на нашата новинарска позиција. Ние мора да се грижиме за најголема мера на објективност, што значи дека треба да ги пренесеме и темните и светлите страни на нештата”.

Дискусијата, инаку, донесе сепак важно сознание дека и покрај старомодниот имиџ на една всушност модерна индустриска држава, германските производи и остварувања на инженерите сјајно се продаваат во Азија. Конечно, во Азија се брои само квалитетот.