1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стипе Месиќ- повторно избран за хрватски претседател

17 јануари 2005

Стипе Месиќ доби уште еден петгодишен претседателски мандат во Хрватска, освојувајќи 66 % од гласовите на вчерашните избори во земјата. Според прелиминарните резулултати што по полноќ ги соопшти државната изборна комисија, противкандидатката на Месиќ, Јадранка Косор, добила 34% од гласовите.

https://p.dw.com/p/AcI9
Стипе Месиќ
Стипе МесиќФотографија: AP

,, Хрватска оди со големи чекори кон Европа и сега треба да бидеме здружени. Ни треба национален консензус за да ги оствариме целите за модерна и праведна држава,, им се обрати Стипе Месиќ на граѓаните на Хрватска откако Државната изборна комисија ја објави неговата победа.

Заблагодарувајќи им на гласачите кои излегле на изборите Месиќ нагласи дека вчерашниот втор круг гласање покажал дека може да се победи со афирмативна кампања. ,, Имаше подметнувањеа и ноторни лаги,, рече тој, но сега тоа е зад нас. Треба да се остварат стандардите што ги бара ЕУ како и да се донесе национална развојна стратегија,, рече Месиќ.

,, Постигнав респектабилен резултат, посочи од друга страна неговата ривалка и кандидатка на владеачката ХДЗ Јадранка Косор. Таа веднаш по објавувањето на резултатите му честиташе на Месиќ, но го потсети дека во текот на кампањата повеќепати лично ја навредил. Победата на Месиќ, уште пред полноќ, по телефон му ја честиташе и хрватскиот премиер Иво Санадер, кој нагласи дека и досега добро соработувал со претседателот.

Изборните резултати од вториот круг претседателски избори во Хрватска се надзираа уште вчера, веднаш по затворањето на гласачките места, кога неколку медиуми ги објавија првите излезни анкети и со тоа го прекршија изборниот молк. Според прелиминарните реѕултати што изборната комисија ги потврди по полноќ, пребројани биле 99, 4 отсто од глаачките ливчиња. Слично како и првиот круг гласање на 2 јануари, вчера на изборите иѕлеле нешто повеќе од 51% од гласачите.

Победата му овоѕможи на 71 – годишниот Месиќ уште еден петгодишен претседателски мандат во Хрватска, по освоениот од февруари 2000-та, кога за првпат бепше избран за претседател на земјата и кога доброволно отстапи од Хрватската народна партија за да биде претседател на сите граѓани.