1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стопанството е резочарано од исходот на изборите

19 септември 2005

Нејасниот исход од изборите ќе предизвика загуби на германскиот пазар со акции – сметаат берзанските експерти.

https://p.dw.com/p/AeNx
Берзата во Франкфурт
Берзата во ФранкфуртФотографија: AP

Загубите на берзите, според експертите нема да бидат долготрајни. Томас Мајер од Унион Инвестмент смета дека во наредните денови се можни поголеми осцилации на пазарот на акции, но додава дека не гледа причина за тренд надолу. Според Мајер би било фатално доколку разговорите за коалицирање се одолговлечат. “Берзите не сакаат едно – несигурност“, нагласува тој.

Стратегот од СЕБ, Клаус Шрифер, по изборните резултати во Германија гледа притисиок врз еврото. Голем број актери на девизните пазари шпекулираа на влада составена од унијата и либералите, со радикални економски реформи.

Претседателот на Сојузот на германската индустрија, Јирген Туман, изјави дека во Германија во иднина ќе биде потешко да се владее. Голема коалиција ќе бара само најмал заеднички именител. “ Од аспект на индустријата и стопанството тоа е горчливо разочарување“, изјави Туман.

Раководителот на Германската индустриска и трговска комора, Мартин Ванслебен, бара коалиција на разум. Здружението на германската ситна трговија ги повика партиите да постигнат што е можно побрзо согласност за влада способна да дејствува. .Претседателот на Здружението на трговијата на големо и на надворешната трговија, Антон Бернер, пак, за “Тагесшпигел“, изјави: “Германија очигледно сеуште не е зрела за модернизација. Тоа за претпријатијата значи дека ќе мора сами да го изодат својот пат.“

Ото Канцлер, претседател на Централното здружение на германските занаетчии, смета дека ниту една идна влада не смее да се откаже од решавањето на најгорливиот проблем – невработеноста, а Здружението на работодавачите од владата бара да ја донесе земјата на курс на пораст и поголемо вработување.