Стопанството се’ повеќе запаѓа во канџите на сајберкриминалот
1 октомври 2012Стравотна помисла: со далечински управувач ова улично метро да се исфрли од шините ... Или сообраќајот целосно да се блокира. Можни се многу работи. Струјните мрежи, инфраструктурата - ништо повеќе не се одвива без компјутер. А тие честопати се мизерно заштитени. На хакерите им е лесно овде да нанесат пакост. Фирмите се уценувани и ограбувани.
Сандро Гајкен, експерт за безбедност на Слободниот универзитет Берлин подвлекува: „За германските претпријатија опасноста е релативно голема, особено за оние кои се активни во истражувачката дејност и средните претпријатија... Шпионите од цел свет релативно поволно стигнуваат до резултатите и потоа можат самите да ги продуцираат производите.“
Оној кој бара на интернет, ќе најде упатства. На пример, во работилниците за комјутерски вируси со кои криминалците може да продуцираат комјутерски штетници. Тие влегуваат и излегуваат од компјутерите на претпријатијата, и тоа низ сите оддели. Според проценките, овие штетници му нанесуваат штети на германското стопанство на годишно ниво до четири милијарди евра. Многу фирми не се осмелуваат да се обратат до властите, оти стравуваат од штети по нивниот имиџ.
„Тој навлегува низ сите бранши, се тестира што се' е обезбедено, дали може да се најде нешто корисно“, вели Гајкен.
Дури и оние кои се грижат, прават погрешни постапки. Претпријатијата, во однос на компјутерската техника честопати се одлучуваат да користат евтини продукти за масовна потрошувачка, решенија за комјутерска безбедност достапни за сите. Но тоа не е доволно за да се задоволат потребите. Така сајбер заштитата едноставно потклекнува пред високите трошоци.