1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

251108 Europa Frauen

Сузане Краузе 25 ноември 2008

Европскиот совет денеска ќе објави нова студија за насилствата против жените. Во неа се наведуваат повеќе начини за справување со насилствата врз жените и како да се воспостават минималните стандарди за потребната помош.

https://p.dw.com/p/G1bd
Мерки против насилството врз женитеФотографија: DW / picture-alliance / Godong

Лиз Кели, која предава на Лондонскиот Универзитет на тема насилствата врз жените, добро знае како може да им се помогне на жените, жртви на сексуалното насилство. Во својата студија во Европскиот совет таа наведува низа минимални стандарди: „Како прво на жените кои се жртви на сексуално насилство потребна им е можноста да разговараат, но и да размислат за тоа. Со тоа тие ќе можат насилството како такво да го препознаат, иако жените најчесто го прават спротивното. Како мерки на помош на пример треба да се воведат телефонски броеви за помош, исто така и советувалишта и групи за самопомош. На крај на жените мора да им се покаже како самите можат да се обранат од насислтвото. За тоа постојат различни можности.“

Засилување на постапките против сторителите

Меѓутоа Кели во нејзината студија забележува дека не треба да се третираат само формите на домашно насилство, туку и сексуалното малтретирање или злоставување на малолетничките.

Европскиот совет и ЕУ во изминативе десет години започнаа кампања против домашното насилство. Експертите сметаат дека се потребни соодветни места за мајки и деца на секои 10.000 жители. Авторот на студијата, Кели, известува дека Германија, Холандија, Ирска и Австрија се многу блиску до исполнување на оваа цел. Како пример важи Шведска која и во внатрешноста воведе места за згрижување на жените жртви.

Пионери на овој план се Велика Британија и Шкотска. Кај нив веќе функционираат повеќе институции кои се справуваат со разни видови на полови насилства. Меѓу нив спаѓаат злосторствата во име на честа, принудното стапување во брак или обрежувањето.

Symbolbild Gewalt gegen Frauen
Жените жртви на физичко насилствоФотографија: Picture-Alliance / Photoshot

Директорот за воведување на стандардите во Европскиот совет, Јан Клеисен става јасно до знаење дека ова е неопходно да се воспостави во цела Европа: „45% од жените во Европа во текот на животот се соочени со физичко насилство. Повеќе од 15% од жените со над 16 годишна возраст веќе имаат искуство со врска со партнер во која биле соочени со насилство. Насилство е поврзано и со огромни трошоци. Студиите покажуваат дека во земји како Шпанија или Велика Британија насилствата носат со себе штети во вредност од милијарди евра.“

Успешни примери за борба против насилството

Лиз Кели во својата студија наведува неколку најдобри практични примери, кои треба да станат секојдневие на континентот. Во Луксембург на пример државата и невладините организации соработуваат во делот на квалитативните стандарди за помошта и згрижувањето на жртвите.

Internationaler Tag gegen Gewalt an Frauen
Потребна е доверба во жените жртви на насилствоФотографија: dpa

Во Босна и Херцеговина властите донесоа закон за обезбедување засолништа за жртвите на домашното насилство и трговија со луѓе. Кели препорачува здруженија во кои членуваат жртвите на сексуално насилство да ги користат следниве принципи: да им се верува на жените, да не им се припишува вина и да се засили нивната самоодговорност.

Овие препораки исто така можат да се преточат во нормите на конвенцијата, која ја подготвува Европскиот совет. Јан Клеисен вели: „Немаме можност да донесеме директен закон, но преку одрдени инструменти, конвенции, или договори, можеме да дојдеме до модел кој ќе стане дел од националното законодавство. Препораките од таквата конвенција мора да бидат применети на национално ниво.“