1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотина жртви во пожар во бразилски ноќен клуб

ЖА/дпа/дапд27 јануари 2013

Во пожар во ноќен клуб во јужниот дел од Бразил ноќеска загинале стотина луѓе. Агенциите јавуваат за 90, а некои и за 120 жртви во градот Санта Мариа. Причините за избувнувањето на огнот не се познати.

https://p.dw.com/p/17SIT
Фотографија: AP

Според бразилската телевизија „Глобо“, загинале најмалку 90 луѓе, но агенциите во меѓувреме јавуваат за над 120 жртви во пожарот во дискотеката „Кис“ во градот Санта Мариа, во сојузната бразилска држава Рио Гранде де Сул). Бројот на повредените се проценува на околу 200 луѓе. Телевизиските екипи кои се на местото на настанот зборуваат за вистинска трагедија.

Причината за пожарот се‘ уште не е позната. Можно е огнот да е предизвикан од пиротехничко шоу на група на сцената. Потоа избила паника, а дискотеката имала само еден излез. Пожарникарите утрово се‘ уште извлекуваат тела на загинатите од дискотеката. Не е исклучено бројот на жртвите на расте. Повредените се сместени во околните болници.