1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици приговори до ДИК

АМ/ЖА/миа/макфакс27 март 2013

Вкупно 428 приговори на изборниот процес пристигнале до Државната изборна комисија од страна на политичките партии во законски предвидениот рок од 48 часа по затворањето на гласачките места.

https://p.dw.com/p/1852T
Фотографија: MIA

Најголем дел од приговорите односно 373, по кои на денешната седница ќе одлучува ДИК, има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, околу 40 приговори во Ресен, 80-ина во Аеродром... Демократската обнова на Македонија поднела 38 приговори, Демократската партија на Албанците три, НДП еден, Обединети демократски сили на Ромите четири, Демократската партија на Турците четири и ВМРО-ДПМНЕ пет од кои три во Струмица и два приговора во Кичево за две избирачки места.

Државната изборна комисија согласно законските одредби треба во рок од 48 часа да донесе одлуки по поднесените приговори. По завршувањето на овој рок политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.

На синоќешната прес-конференција на ДИК, пак, беше соопштено дека во 51 општина е завршено гласањето во првиот круг од локалните избори. Во сите 80 општини се објавени освоените советнички мандати.

Сите објавени резултати, потенцираше претседателот на ДИК Борис Кондарко, се врз основа на записниците од Општинските изборни комисии и се првични и неофицијални. На новинарско прашање зошто долго се чекаше на резулатите во општина Центар, претседателот на ДИК одговори дека Општинската изборна комисија во 6 избирачки места правела дополнителни проверки во записниците на избирачките одбори.

За советничките мандати за Градот Скопје, на прес - конференцијата беа соопштени само податоците за добиените гласови и тоа: ВМРО - ДПМНЕ 121.881 гласа или 42,90 проценти од излезените гласачи кои гласале, СДСМ 80.770 гласа или 28,43 проценти, СДУ 3.124 или 1,10 проценти, ДУИ 32.835 или 11,56 проценти, ДПА 16.459 гласа или 5,79 проценти, НДП 1.941 глас или 0,68 проценти, ДОМ 6.047 или 2,13 отсто, ЛП 2.426 или 0,85 проценти и Сојузот на титови леви сили 2.040 или еден процент.

Резултатите од првиот круг се следните:

Охрид - 72,49 проценти одзив. Никола Бакрачевски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 21.004 гласа.

Прилеп - 78,11 проценти одзив. Марјан Ристески од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 28.632 гласа.

Кичево - 73,34 проценти одзив. Фатмир Дехари од ДУИ добил 18.552 гласа.

Кисела Вода - 66,24 проценти одзив. Билјана Беличанец Алексиќ од коалицијата „За подобра Македонија“ осовила 10.419 гласа.

Зелениково - 78,90 проценти одзив. Веле Груевски од колицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.476 гласа.

Боговиње - 46,88 одзив. Хазби Идризи од ДУи освоил 6.039 гласа.

Центар Жупа - Аријан Ибраин од Демократската партија на Турците освоил 1.844 гласа.

Шуто Оризари - 48,84 проценти одзив. Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите добил 6.067 гласа.

Во вториот круг ќе се гласа во следните општини:

Скопје, каде во првиот круг имаше 63,95 проценти излезност на граѓаните, Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 136.056 гласа и Јани Макрадули од коалицијата „Сојуз за иднината“ 79.751 глас.

Центар - 63,95 одзив. Андреј Жерновски од „Сојуз за иднината“ со 14.079 гласа и Владимир Тодоровиќ од „За подобра Македонија“ со 12.606 гласови.

Карпош - 72,26 проценти одзив. Стевчо Јакимовски од СНС со 17.260 и Андреј Петров од СДСМ со 9.674 гласа.

Ѓорче Петров - Кандидатот Сокол Митревски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.316 гласа, а Александар Новаковски од СДСМ 10.720.

Бутел - Со излезност од 70, 05 проценти. Петре Лативноски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 9.653, а Коста Начевски од СДСМ 4.668 гласа.

Ресен- 69,40 проценти одзив. Ѓоко Стрезовски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 5.486 гласа, додека независниот кандидат Димитар Бузлевски 3.140.

Гостивар - 52, 42 одзив. Руфи Османи од НДП со 14.290 и Невзат Бејта од ДУИ со 13.579 гласа.

Битола - 70, 05 проценти одзив. Владимир Талески од коалицијата „За подобра Македонија“ со 27.985 гласа и Менде Динески од СДСМ со 22.455.