1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици тешко повредени без помош

ЕМФ/дв/ард/ртр2 јуни 2013

Во сирискиот град Кусеир, околу кој се водат тешки борби на сириските владини сили и бунтовниците, состојбата на цивилите станува се‘ посериозна. Стотици тешко повредени, како што се тврди, не добиваат медицинска помош.

https://p.dw.com/p/18iWy
Фотографија: picture alliance/AP

„Ситуацијата е катастрофална“, известуваат набљудувачи на состојбата со човековите права. ОН сметаат дека во градот се блокирани уште илјадници цивили. „Есктремно сме алармирани“, изјавија координаторката за итна помош на ОН, Валери Амос и Комесарот на ОН за човекови права, Нави Пилај. Според наводи на активисти, бунтовниците се обиделе да ги извлечат тешко повредените од окупираниот град и да ги префрлат во соседен Либан. Сепак, поради тоа што градот е под постојан оган од страна на владините сили, ваквата операција е многу тешка. Набљудувачите бараат вклучување на меѓународната заедница.

Syrien Bürgerkrieg Mehr als 70.000 Tote UN-Menschenrechtsbeauftragte Navanethem Pillay
Нави Пилај: Состојбата е екстремно алармантнаФотографија: Getty Images

Првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон ги повика страните во конфликтот во Кусеир да им дозволат пристап до повредените на хуманитарните организации. Мора да биде можна евакуација на повредените и цивилите, изјави Ештон, додавајќи дека извршителите нема да останат неказнети. Таа изрази вџашеност од состојбата во Кусеир и нагласи дека е неопходно политичко решение на конфликтот. Ештон додаде дека ЕУ ќе стори се‘ што е неопходно за да успеее мировната конференција за Сирија, која, како што гласат последните претпоставки, би можела да се одржи во јули.