1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сто мртви во координираните герилски напади во Ирак

25 јуни 2004

Последниот биланс на жртви во вчерашните координирани бунтовнички напади во пет ирачки градови, изнесува повеќе од 100 загинати и најмалку 200 повредени лица

https://p.dw.com/p/AcMn
Терористите сеат страв во Ирак
Терористите сеат страв во ИракФотографија: AP

Поединечни напади имаше во Багдад и во текот на ноќта и утринава. Во меѓувреме радикалниот шиитски лидер Моктада Ел Садр чија парамилиција донеодамна водеше жестоки борби со американската војска , прогласи еднострано примирје и понуди помош во справувањето со терористите.

Вчерашното насилство во Бакуба , Фалуџа, Рамади , Мосул и Багдад претставува интензивирање на герилската кампања за саботирање на официјалното предавање на суверенитетот од американската цивилна управа во рацете на Ирачаните што треба да се случи за неполна седмица. Тоа впрочем веќе подолго време го најавуваат коалиционите окупаторски сили во Ирак . Шефот на британската дипломатија Џек Строу уште еднаш потенцираше дека и покрај тоа предавањето на власта ќе се одвива според предвиденото:

"Ние отсекогаш предвидувавме за жал дека ќе има насилство воочи трансферот на власта но и потоа , но ние сме одлучни , меѓународната заедница е одлучна и обединета и јас знам дека луѓето во Ирак се одлучни и обединети да се погрижат тој трансфер навистина да се случи" – изјави британскиот министер за надворешни работи Џек Строу.

Инаку најмногу жртви во текот на вчерашниот ден имаше во градот Мосул , на северот од земјата, каде што пред неколку полициски станици експлодираа најмалку седум автомобил бомби . Полицијата соопшти дека бројот на загинати изнесува 62 лица , додека повредени имало околу 200.

18 луѓе пак загинаа во судирите меѓу милитантите и американските трупи во градот Бакуба кој се наоѓа на 60 километри северозападно од Багдад , каде што десетици маскирани бунтовници нападнаа неколку полициски станици во градот

Герилците нападнаа и полициски станици и во градот Рамади а, американската армија соопшти дека во борбите во кои учествувале

и нејзини војници загинале најмалку 18 луѓе.

Два часа во текот на вчерашниот ден жестоки борби се водеа и во бунтовната Фалуџа , каде американските воени авиони и хеликоптери интервенираа за да ги запрат нападите на герилците.

Вчера но и во текот на ноќта експлоии и насилства имаше и во главниот град Багдад. И таму бунтовниците напаѓаа станици но и патроли на полицијата. Така во експлозија на бомба поставен на улица во Багдад , во текот на ноќта беа повредени двајца ирачки полицајци.

Инаку одговорноста за организирање и координирање на вчерашните напади ја презеде озлогласениот јордански терорист, за кого се верува дека соработува со Ал Каеда , Абу Мусаб Ал Заркави.

Во меѓувреме во Багдад ,парамилицијата на радикалниот шиитски верски лидер Моктада Ел садр, која веќе подолго време вооружено им се спротиставува на Американците , објави примирје и најави дека е подготвена да пружи заштита од терористички напади. Мехди армијата понуди да ги заштитува владините згради , болниците , електричните централи , бводните станици и рафинериите со нафта.

“Мехди армијата од ден во ден докажува дека се грижи за вишите интереси на ирачкиот народ” – беше речено во вчерешното соопштени прочитано преку разглас во упориштето на парамилицијата во квартот Садр во Багдад.