1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стравот од рецесија ја зголемува несигурноста на берзите

агенции,С.Н27 октомври 2008

Глобалната финансиска криза и натаму се заострува. Несигурноста и падот на вредноста на акциите продолжи и на берзите во Европа и во САД,откако утрината јапонскиот индекс падна на најниско ниво во последниве 26 години.

https://p.dw.com/p/FhdU
Пост банката од Германија пријави големи загуби , предизвикани од финансиската кризаФотографија: AP

Кај инвеститорите ширум светот и натаму доминира стравот од можна глобална економска рецесија. Тоа предизвикува континуирани загуби на берзите.

Постбанк пријави тешки загуби , пред се поради зделките со Леман Брадрс

Германскиот основен индекс Дакс го започна денот со значителен пад во вредноста од околу 5 проценти, но подоцна во текот на тргувањето загубите се намалија на нешто повеќе од 2 насто. Најголеми загуби притоа има кај вредноста на акциите на Постбанк, банка со најмногу приватни клиенти во Германија. Постбанк, имено за третиот квартал од годинава пред оданочувањето пријави негативно салдо од 449 милиони евра. Најголем дел од овие тешки загуби (околу 364 милиони евра) се направени поради финансиските зделки на Постбанк со американската инвестицинска банка Леман Брадрс која банкротираше.

Japan Finanzkrise Börse in Tokio Kurse fallen
Берзата во ТокиоФотографија: AP

Пад на вредноста на акциите меѓу 2 и 4 проценти денеска има и на берзите во Лондон и во Париз. Почетокот на тргувањето на берзата во САД денеска го карактеризираат флуктуации на вредноста на индексот Дау Џонс. Тој најнапред забележа пад од повеќе од 1 процент но потоа загубите се намалија. Сето ова се надоврзува на случувањата утрината на јапонската берза во Токио каде што индексот Никеи го заврши денот со 4,76 процени намалена вредност. Станува збор за најниско ниво а на овој индекс на хартии од вредност во последниве 26 години. Воздржаноста на инвеститорите од другастрана се одразува и врз цената на нафтата. Еден барел сурова нафта од типот брент на берзата во Лондон падна под 60 долари.

Трише:Можно е намалување на основната каматна стапка во евро-зоната

Министрите за финансии и шефовите на Централните банки од Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД, повторно реагираа на ваквиот развој на настаните на светските финансиски пазари и потврдија дека заеднички ќе настапуваат во насока на нивно стабилизирање. Во соопштението што денеска го објавија земјите од Г7, стои дека тие многу внимателно ќе ја следат состојбата и ќе соработуваат на соодветен начин заради остварување на заедничкиот интерес од силен и стабилен меѓународен финансиски систем.

Fototermin der sieben Finanzminister beim G7 Treffen am 10.10.2008 in Washington
Министрите за финансии на Г8 заеднички против кризатаФотографија: AP

Во меѓувреме претседателот на Европската Централна банка Жан Клод Трише пак порача дека е можно ново намалување на основната каматна стапка во евро-зоната. Трише кој учествува на бизнис-форум во Мадрид истакна дека Европската централна банка може да размислува за намалување на каматите за кредитите што им ги издава на деловните банки во ноември , затоа што притисокот од инфлација се намалува и бидејќи континуирано паѓаат и цените на нафтата.

Расположението кај германските фирми на најниско ниво во последниве пет и пол години

Меѓутоа лошите вести очигледно стигнуваат побрзо до инвеститорите. Последната од претпладнево гласи: расположенето во германската економија со оглед на финансиската криза е лошо како никогаш досега во последниве пет и пол години. Институтот за економски истражувања од Минхен, претпладнево соопшти дека таканаречениот Индекс за бизнис климата во најголемата економија во ЕУ во октомври неочекувано забележал пад од повеќе од 2 проценти. Институтот го изготвува индексот за бизнис климата преку прашалник на кој 7000 менаџери во Германија секој месец ги даваат своите проценки за изгледите за водење бизнис во земјата во наредните шест месеци .











Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема