1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од грчката „јагодарска мафија“

Јанис Пападимитриу/ Жана Ацеска19 април 2013

Брутален напад врз сезонските странски работници ја потресе Грција: во Манолада, работници со оружје и рачен пиштол пукале врз берачи на јагоди, кои тие гласно ги барале платите за последните шест месеци.

https://p.dw.com/p/18JTq
Фотографија: Reuters

Локалните синдикати и многу грчки медиуми зборуваат за „пазар на робови“ на полињата со јагоди во Менолада. Портпарол на синдикатот тврди дека надлежните служби одамна предупредуваат на човечки недостојните работни услови на сезонските работници, но не можеле да преземат доволни мерки по укажувањата на жителите поради „недоволна екипираност со персонал“.

Леволибералниот весник „Елефтеротипија“ меѓутоа во ова гледа дело на „земјоделската мафија“. Колку и да звучи преувеличано, многу укажува на создаден непрегледен систем од насилство и контрола во регионот. Уште во 2008 година странските сезонски работници протестираа против нечовечките работни услови и потоа беа претепани од непознати лица. Во 2011 година полицијата успеа да ослободи 35 романски работници од рацете на криминалците, кои се заканувале со оружје. Минатото лето двајца луѓе влечеа 22-годишен Египќанец низ улиците на Менолада отккао претходно му ја приклештиле главата во страничниот прозорец на автомобилот. Според градоначалникот, еден од тогашните извршители е вклучен и во најновиот напад со оружје врз сезонските работници.

„Во регионот се формираа мафијашки структури“, вели пратеничката и портпарол на пратеничката група од конзервативната Нова демократија, Софија Вултепси за атинското радио „Риал њуз“.

Schüsse auf bengalische Arbeiter in Manolada Griechenland
Работници од Бангладеш нападнати со оружје во МаноладаФотографија: Reuters

„Она што таму се случува не е воопшто ништо ново, но досега останувавме на голи констатации. Секој пат, кога ќе се направеше обид за апсење, осомничениот беше правовремено предупреден од некого и се извлекуваше неказнет“, се жали политичарката. Но, таа ветува подобрување: преку новиот закон за заштита на работа на засегнатите ќе им биде пружена помош, смета Вултепси, без да наведува детали.

Оној кој сака да влезе во трагата на криминалот во Манолада, е изложен на опасност: во април 2011 година беа претепани двајца репортери на атинскиот дневен весник „То Вима“, кои сакаа да го посетат престојувалишттео на бугарските сезонски работници во регионот. Нивното возило беше уништено, камерата онеспособена. Јанис Арванитакис, кој се претставува како сопственик на плантажата со јагоди, тогаш и‘ изјави на полицијата дека однесувањето на неговите луѓе било чиста самоодбрана, зашто новинарите се прикрале како провалници и го повредиле неговото право на приватна сопственост.

Според истражувањата на „То Вима“, повеќемина локални новинари примиле закани, меѓу кои и уредникот на голем локален весник, тогашен дописник на атинска „Антена“ и дури и претседателот на грчкиот сојуз на фоторепортери.

Проблемите веројатно се уште подлабоки, смета експертот за даноци и финансии, Вангелис Амбелитиос за радио „Скај“:

„Ако работодавачот нема пари да ги плати платите, фирмата треба да се затвори. Наместо тоа овде често се случува следново: работодавачот ги избркува вработените за да не мора да ги плати заостанатите плати и на нивно место ангажира нова евтина работна сила. Или уште полошо: газдата ги пријавува своите сезонски странски работници, кои често илегално престојуваат во Грција, за да не мора да ги исплати заостанатите плати“, револтирано вели Амбелиотис.