Страв од нови земјотреси
20 мај 2008Реклама
Од страв од нови земјотреси, десетици илјади жители на градот Ченгду на југоисток од Кина, ги напуштија своите домови. Паниката ја предизвика еден извештај на телевизијата според кој во регионот претстои земјотрес со интензитет од 8 степени.
Ченгду е главен град на провинцијата Сечуан. Во регионот Пингву, според информациите на државната агенција Хсинхуа, биле регистриран потрес од 5 степени. Од катастрофата пред една недела имаше повеќе од 20 потреси со јачина од најмалку 5 степени според Рихтеровата скала.