1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

WHO Schweinegrippe

27 април 2009

САД потврдија дека има 20 заразени лица, а за шест случаи се јавува и од Канада. Во Нов Зеланд, Израел, Бразил, како и во ЕУ, има случаи во кои постои сомневање, во Мексико има веќе над 100 загинати од свински грип.

https://p.dw.com/p/Hett
Мексиканците се штитат со маски за лицеФотографија: AP

Новиот вирус на свински грип би можел и натаму да се менува, изјави Кеиџи Фукунда од Светската здравствена организација во Женева. Во таков случај вирусот би бил навистина опасен за луѓето. Сепак, СЗО останува на тревога од трет степен, кој во скалата од шест степени на аларм, колку што може да прогласи СЗО, е степен на предупредување. Тоа значи дека треба да се преземаат превентивни мерки, да се набљудува каде и какви случаи на болеста се јавуваат, да се собираат податоци и да се истражува вирусот.

Schweinegrippe Taiwan
Превентивни мерки во ТајванФотографија: AP

Засилени превентивни мерки

Тревога од трет степен значи и да се преиспита дали плановите за аларм од пандемија на одделни земји се на најактуелно ниво, што значи и дека треба да се создадат структури за управување и за згрижување во случај на пандемија. Појава на пандемија би значела петти или шести степен на тревога.

Grippe Mexiko Mann in U-Bahn
Во метро во Мексико, и тука луѓе со заштитни маскиФотографија: AP

Во фазата еден светот се наоѓа постојано, зашто ширењето на грип е неизбежно, само прашање е - кога доаѓа наредниот грип? Фазата еден значи дека ниту еден вирус, кој обично живее во животни како птичји грип или свински грип, не преминал врз луѓето. Фазата два значи дека некој вирус на грип од животните преминал кај луѓето. Такво нешто постојано се случува во југоисточна Азија. Фазата три, како сега, значи дека вирусот од животните преминал врз луѓето и се пренесува од човек на човек, но се‘ уште нема зараза која е масовно раширена. Во четвртата фаза се погодени цели општини, но тоа не значи и пандемија, значи светска епидемија на грип. Пандемија се прогласува дури во петтата фаза, кога од болеста се погодени повеќе земји. Доколку грипот беснее во цел свет, тогаш се прогласува шестиот степен на аларм.

Фазата три, значи не е пандемија - таа може да дојде, но не мора. И досега секоја епидемија на грип во последното столетие беше послаба во однос на претходната.


Автор: Аксел Вајс/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска


Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема