1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од јакнење на иранското и сириското влијание во Ирак

Бјерн Блашке7 декември 2006

Неразбирање во Ирак за предлозите на Бејкеровата комисија

https://p.dw.com/p/AdvA
Фотографија: AP

Извештајот на комисијата на Бејкер за Ирак беше очекуван со напрегнатост и во Ирак, барем во кругот на оние кои со политика се занимаваат професионално. На неразбирање наидоа 79 предлози околи идната стратегија за Ирак, на пример делот во кој се предлага повлекување на странските борбени сили веќе за околу една година. Шерзад Амин, професор по политички науки на универзитетот Ербил, вели: ”Ме изненади тоа што Американците сакаат да ги решат проблемите во Ирак со редукција на трупите. Тоа не е реално, зашто Ирак како држава за да ја поврати безбедноста, сега има поголема потреба од американска поддршка.”

На добар прием не наиде ниту делот од извештајот во кој се бара од владата во Багдад да преземе сопствена одговорност. Владата во Багдад би морала да докаже дека и натаму ја заслужува американската поддршка. Доколку Ирачаните не напредуваат во сферите безбедност и национално помирување, САД би ртебало да ја редузираат политичката, економската и воената помош. Ирачаните забележуваат дека САД посегаат по училишни казнени мерки кои се преземаат доколку воспитаниците не се послушни. А, притоа, САД се обврзани од ОН да обезбедат сигурност во таа земја. ”Доколку Американците ги редуцираат силите ќе се создаде голема можност за Иранците во Ирак за поголемо влијание врз ирачката политка”, оценува Сади Пири, советник на претседателот Талабани во Ербил.

Што се однесува до Иран, извештајот на Бејкеровата комисија предлага американската влада преку дипломатија со раководствата во Техеран и во дамаск да постигне намалување на поддршката на овие земји за милитантните групации во Ирак.

Политикологот, Амин, стравува...”... дека Америакнците би склучиле некакви договори со Иранците и Сиријците без земање предвид на ирачките интереси.”

Критичарите велат дека би можеле да бидат почнати преговори со Сирија и Иран без вклучување на сите ирачки претставници. На крајот би се склучиле би-или трилатерални преговори кои ќе им служат на САД, но не и на Ирак.

Во рамки на некаква нова дипломатска офанзива на Вашингтон. Сирија и Иран би можеле да им направат отстапки на САД, и за возврат евентуално да добијат ветување од Вашингтон дека Киркук не би бил дел од ирачки Курдистан. Кога две страни се смеат, третата губи. Во овој случај тоа би биле Курдите.