1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Странски стручњаци за работа во провинција

Наоми Конрад/ Симе Недевски3 јули 2013

Германија се обидува да привлече негуватели и инжинери од странство. Во кризните европски земји се полнат курсевите по германски, па сепак сите стручњаци не остануваат во Германија. Причини за тоа има многу

https://p.dw.com/p/191LU
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европа веќе две години ја тресе економска криза. Таа со себе уништува работни места пред се' на младите во Шпанија, Португалија, Грција и во Италија. Станува збор за земји кои денес се нарекуваат и „кризни земји“ во кои и факултетски образуваните не можат да најдат работа. „Многумина од нив сега во Гете- Институтите во нивните земји учат германски јазик“, вели Кристоф Мухер, кој е веќе 20 години вработен во оваа установа.
„Никогаш досега не сум видел толку голема мотивација за учење јазик. Кога станува збор за сопствената иднина, тогаш мотивацијата е поголема како никогаш порано“, истакнува Мухер.
Причина е тоа што младите се надеваат дека ќе најдат работа во Германија во која економијата повторно бележи раст. Колегите на Мухер во кризните земји развија сосема нив наставен план прилагоден на инжинерите, лекарите и негователите. Во Грција има посебни попусти за младите кои се невработени. Мухер вели дека Гете-Институтот не рекламира курсеви. Сепак, бројот на учесниците е голем.

Позитивни примери

Во Германија недостига работна сила. До крајот на 2013. година ќе бидат слободни околу 4 милиони работни места. Поради тоа германската влада сака да привлече работна сила од странство. Поради тоа дојде и до промена во Законот за доселување за да можат квалификуваните работници од странство полесно да патуваат во Германија. Тука се и образовните програми во странство. Таквата стратегија веќе вроди со плод.
Во јуни минатата година според информациите на сојузната Канцеларија за вработување во Германија имало 2,2 милиони работници од странство кои плаќале данок и останати социјални трошоци. Во 2011. година имало 2 милиона и 100.000. Дали е тоа успех? „Не сакам да донесувам заклучоци врз основа на статистички бројки. Имаме информации дека многумина се враќаат во своите татковини“, вели Улрике Хајцер- Прим од советувалиштето за сигурност на работници.
„Работниците од Барселона или Мадрид се вработуваат во некои германски провинции. Тоа е за тие работници еден сосема поинаков квалитет на живот на кој мораат да се навикнат“, вели Хајтцер- Прим.

Schwäbisch Hall, Agentur für Arbeit
Фотографија: DW/Guilherme Correia da Silva

Доаѓаат и заминуваат

Бројот на работници од странство кои се вработуваат во Германија и кои за одредено време даваат отказ е голем. Причината не е само во тоа што работат во мали претпријатија во мали градови. „Иако тоа никој темелно не го тематизирал, во главата се' уште имаме синдром наречен 'работник на определено време'. Мора да дојде до промени. Претприемачите мораат едноставно да научат дека е од навистина големо значење тоа што имаат работници кои работејќи во Германија еден ден ќе се интегрираат.“
Урлике Хајцер- Прим ги советува средните претпријатија кои често, со голема скепса, бараат стручна работна сила. Елен Бомершајм од Центарот за претприемништво „Компас“ ги следи  факултетски образуваните млади лица кои фрустрирани се вратиле во своите татковини. „Главна причина е тоа што тука и натаму постои невидлив 'плафон' во кариерата до кој можат да успеат лица со мигрантско потекло.“
На тоа треба да им се додадат и бирократските пречки, како што е признавањето на странски дипломи. Бомершајм вели дека младите Шпанци и Португалци сепак не сакаат да се вратат. Тие и натаму во Гете-Институтот учат германски јазик со надеж дека во Германија ќе најдат работа. Меѓутоа, дали ќе останат подолго, не зависи од владината рекламна кампања, туку од низа други фактори.

 

Ulrike Heitzer-Priem RKW Kompetenzzentrum
Улрике Хајцер ПримФотографија: RKW Kompetenzzentrum