1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стрелките назад, еден час спиење повеќе

ЕМФ/ард/дапд27 октомври 2012

Ноќва (27/28.10) милиони луѓе ќе спијат еден час подолго. Почнува зимското сметање на времето.

https://p.dw.com/p/16Y7J
Фотографија: picture-alliance/dpa

В недела (28.10) изутрина, стрелките на часовникот од три часот треба да се вратат на два часот, затоа што почнува зимското сметање на времето. Така ќе биде до 31 март 2013. година.

Менувањето на сметањето на времето е поврзано со подобро искористување на дневната светлина и се поткрепува со аргументи дека носи подобар квалитет на живот, затоа што, мерено со часовник, во периодот на летното сметање е светло еден час подолго. Освен тоа, се аргументира и дека тоа носи заштеда на енергија.

Zeitumstellung Junge Frau mit Wecker
Еден час спиење повеќеФотографија: picture-alliance/dpa

Меѓутоа, барем во Германија, енергетската бранша со години не забележува промена во штедењето енергија, тврди Сојузното здружение за енергија и водостопанство. Навечер се троши помалку струја за светлина, но затоа наутро се грее повеќе. Критичарите освен тоа, забележуваат и дека менувањето на времето има последици по здравјето.

Во Германија летното сметање на времето е воведено во 1980. година. До 1995. година тоа завршуваше до крајот на септември, а од 1996. година тоа, како и во другите членки на ЕУ и соседните земји, завршува на последниот викенд од октомври.