1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студениот здив на „Немо“ ги замрзна Американците

Ролф Билман / Е. Милошевска Фиданоска10 февруари 2013

Големите снежни наноси и огромниот студ што со себе ги донесе снежната бура „Немо“ го парализираа животот на американскиот Источен брег. Најмалку десет луѓе го загубија животот.

https://p.dw.com/p/17baQ
Фотографија: Reuters

„Њујорк го помина најлошото, Бостон речиси, а наскоро, можеби до вечерва (10.02) така ќе биде насекаде, дури и во Мејн“, рече еден метеоролого за телевизијата Си-Ен-Ен. Ветрот попушта, а и снегот се намалува.

Претпазливо здивнување, но само претпазливo. Зашто иако врнежите oд снег се намалуваат, се‘ уште големи делови од брегот се под снежна покривка. Според информации на метеорлошките служби, висината на снежната покривка е околу 60 сантиметри, а некаде дури и 80. Поради снегот и огромниот ветар на многу места нема струја.

USA Ostküste Schneesturm
Фотографија: picture alliance/ZUMA Press

Во девет сојузни држави околу 600.000 лууѓе се без електрична енергија. Поголемиот дел од нив се во Масачусец, но многу е погоден и малиот Роуд Ајленд, каде речиси 20 проценти од населението е во темница и студ. „Не знаеме колку долго ќе трае, но работиме без пауза“, изјави Анхел Таварес, градоначалник на Провиденс, главниот град на Роуд Ајленд. „Нашиот локален снабдувач со електрична енергија цела ноќ беше овде и заеднички правиме се‘ што можеме за што повеќе луѓе да добијат струја што побргу.“

Ситуацијата во Њујорк подобра од очекуваното

Во Њујорк состојбата е порелаксирана. И таму паѓаше снег, но не толку колку што се стравуваше. Олеснувањето е големо, пред се‘ во деловите каде пред три месеци беснееше супер бурата „Сенди“. „Не не‘ погоди најлошото“, констатираше градоначалникот на Њујрок Мајкл Блумберг. „Но во мислите сме со луѓето во Конектикат, Роуд Ајленд, Масачусец, Њу Хемпшир, Вермонт и Мејн - тие имаат енормно многу снег и ќе помогнеме секаде кадешто ќе можеме.“

USA Ostküste Schneesturm
Фотографија: REUTERS

Сепак, се чини состојбата и таму е во одредена мерка под контрола. Бурата попушта, снежните врнежи се помали, техничарите се на пат да ги поправаат прекинатите електрични врски. Со оглед на тоа што е викенд, многумина можат едноставно да останат дома и да чекаат улиците да бидат колку-толку расчистени.

Освен тоа, луѓето на Источниот брег се навикнати на бури. Бостон поради снегот изгледа како некој зимски скијачки центар, а првите пешаци се веќе на улиците. Жена, која со своето бебе и кучето, е на прошетка низ со снег завејаниот град, за телевизијата изјави: „Ни беше забавно, улиците беа сосема празни, го најдовме единствениот отворен ресторан во нашиот кварт. Ова е голема бура, но мислам дека до понеделник градот ќе биде расчистен.“

Сите се надеваат дека ситуацијата ќе се олабави брзо. На почетокот на неделата, во секој случај, би требало да биде многу потопло.